Министерството за култура и информациска политика на Украина испрати писмо до извршниот директор на „Мета“ Марк Закерберг и гоповика да ги блокира Фејсбук страниците на руските пропагандни канали.
Станува збор следниве медиуми : „Channel One“, „Russia 1″, „Match TV”, NTV, 5TV, „Russia 24″, „Russia K” (“Culture”), „Carousel”, OTR, „TV Center “, REN TV,„ Spas”, „Domashny”, TV-3,„Friday!”, „Zvezda”, MIR, TNT, „Muz-TV ” и многу други кои шират руска пропаганда.
„Се надеваме дека нивните постапки нема да траат долго. Конечно мора да се уништи руската пропагандна машинерија, за да не се трујат животите на Украинците или на светот“; пишува во соопштението на Министерството за култура и информациска политика на Украина.