ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Домашните агро-производители ќе ги пласираат своите производи на македонските интернет продавници

March 1, 2022 10:41
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce“, што го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Целта на проектот е да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, а од друга, да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.

– КОВИД пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар. Сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила што ги налагаат ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус е да бидеме присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на европскиот пазар, изјави Блаже Миневски од винаријата „Бади“.

Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за зајакнување на дигиталните вештини меѓу кои: учење на основите, можностите и регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.

Софија Шутова од агро-бизнисот „Сид оф лајф“ што е дел од учесниците на овој проект, вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.

– Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и советите за креирање маркетинг стратегија, рече Шутова.

Во моментов проектот се наоѓа во последната фаза, каде што агро-производителите одржуваат состаноци со е-трговците од најпознатите македонски веб платформи за е-трговија и договараат детали за пласирање на нивните производи.

– Веќе почнавме со примена на некои од насоките за уште поуспешно водење на нашиот бизнис, благодарение на кои ги бележиме и првите резултати во форма на подобрена комуникација на социјалните медиуми, додава Маја Чубриќ од охридскита агри-компанија „Трек Ми“.

Производите од агро-производителите кои се дел од програмата „Agri E-commerce” и кои наскоро ќе бидат достапни на дел од најпознатите веб платформи за е-трговија, можат да се погледнат на следното видео:

Проектот „Agri E-commerce“ е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Next Post
Фото: МИА

Османи: Уште 50 граѓани чекаат евакуација од Украина, се очекува поголемиот дел да бидат извлечени денеска

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk