ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Малишиќ: Граѓаните да не креваат паника, пченица и брашно ќе има

March 1, 2022 14:31
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните да не стравуваат и да не креваат паника, зашто стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно, вели за МИА претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стиоанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ.

Според Малишиќ, санкциите кон Русија од македонска страна би биле катастрофални ако ние како држава не би имале други пазари за суровини, како што се Србија, Унгарија, Романија и Бугарија.

-Не треба да се дига паника кај населението до тој степен, луѓето треба да бидат сигурни дека нашите стопанственици ќе обезбедат доволни количини на пченица и брашно за потребите на граѓаните, а исто ги уверувам и дека Владата ќе најде начин да ги заштити, дециден е Малишиќ.

Во врска со цените, додава, новата Одлука на Владата создава поволна клима и сигурност, како за стабилност на индустријата, така и заштита од преголемо покачување или несоодветно изнудено поскапување на брашното и лебот.

-Според денешните покачувања на цените, се гледа дека покачувањата се соодветни и различни, со што се потврдува функционалноста на Одлуката за заштита на населението. Би апелирал до граѓаните, да не создаваат паника околу зголемувањето на цената на лебот, зашто зголемениот трошок за набавка на леб за едно семејство на месечно ниво е најмал во споредба со зголемувањето на цените како трошокот на енергенсите, елелектричната енергија, цигарите и сите други производи кои се зголемија вртоглаво во последниот месец. Целта на Одлуката е да се зачува и домашното производство, како не би се соочиле со затварање на домашните производни капацитети, од кои некои веќе и најавија затворање, со што ќе се соочевме како држава со недостиг од 160.000 парчиња леб на пазарот, објаснува Малишиќ.

Тој информира и дека од петокот до 13:00 часот денеска, цената на пченицата на светските берзи се зголеми за 24 отсто.

-Тоа е поради изјавата на Кина дека ги симнува сите бариери кон руската пченица и даде наредба да се зголемат нивните залихи со пченица, а втората причина е дека Црноморската продажба не фунционира со што создава паника за купувачите во светот. Во опкружувањето или конкретно во Србија, цената на пченицата се зголеми од понеделникот до денеска за 14 отсто. Сите овие зголемувања на пченицата, ако останат и продолжат, ќе придонесат за нови корекции на цените секаде во светот, како и кај нас. Голем проблем е што во исто време се зголемуваат континуирано и нафтата, природниот гас, како и електричната енергија и сите заедно се поскапени за 30 отсто од средата, со почетокот на инвазијата, до денес, нагласува Малишиќ.

Залихите на пченица и брашно кај правните лица (компаниите), нагласува, се за 30 до 45 дена.

-Но, како што напоменав, нашите стопанственици се секогаш во состојба да набават дополнителни количини за потребите на индустријата како и населението, потенцира претседателот на Групацијата.

За новиот род, Малишиќ апелира до Владата и Министерството за земјоделство да донесат дополнителни стимулативни мерки за земјоделците и преработувачите за да се насеат за идната сеидба сите површини со пченица кои не се обработуваат, како и да интервенираат со дополнителни субвенции кон земјоделците за зголемените цени на азотните и фосфорни ѓубрива, кои се неопходни за коректен принос и квалитет на пченицата.

-Цената на пченицата за идната жетва ќе биде соодветна според пазарните услови на понудата и побарувачката во опкружувањето за времето на жетвата, истакнува Малишиќ. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зеленски до ЕП: ЕУ ќе биде многу посилна со Украина, а Украина без ЕУ ќе биде осамена, докажете дека сте со нас

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk