„Во однос на предизвикот кој што веќе подолго време го имаме на маса – спорот со Бугарија, работиме интензивно на отклонување на пречката за почеток на преговорите. Во последниот месец има многу интензивна комуникација помеѓу премиерот Ковачевски и премиерот Петков“, рече во интервју за Фронтлајн, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Постојат работни групи кои работат секоја недела на оваа тема. Од клучна важност ни е што побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ, нагласи Вицепремиерот.
„Ги дискутираме и отворените политички прашања и ние очекуваме што поскоро да се најде достоинствено решение коешто ќе ги заштити нашиот идентитет и македонски јазик и кое што ќе ни овозможи да се тргне блокадата за почеток на преговорите со ЕУ. Бидејќи 17 години веќе чекаме, од клучна важност и од клучно значење ни е што побрзо да ги почнеме преговорите“, истакна Маричиќ во интервјуто за Фронтлајн.
Целото интервју со вицепремиерот Маричиќ: