ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: ЕУ интеграцијата е висок приоритет, „Отворен Балкан“ останува отворен за сите, членството во НАТО е гаранција за нашата безбедност

Вицепермиерот Маричиќ со јасни одговори на сите жешки прашања за нашата земја, за „Отворен Балкан“, ЕУ и војната во Украина

March 1, 2022 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бојан Маричиќ е новиот Вицепремиер за европски прашања, во Владата на Димитар Ковачевски. Неговото обемно искуство во сферата на европските прашања и евроинтеграциите, како и демократските трансформации и реформски процеси го прават можеби најсоодветниот човек во овој ресор што земјата го имала до сега. Како Министер за правда во Владата на Зоран Заев, за кратко време, успеа да започне повеќе извонредно важни процеси во најсложената област – правосудството. Неговото дејствување и како човек на граѓанското општество порано и како носител на важни функции во Владата, секогаш е во насока на владеењето на правото и демократијата.

Во овие исклучително тешки мигови за земја, меѓу другото, и поради блокадата од Бугарија, како и големите регионални и светски предизвици, како што е руската агресија врз Украина, неопходно е да се слушнат размислувањата и плановите на Вицепремиерот Маричиќ. Разговорот го водеше Мартина Ацковска, Фронтлајн.

Кои се чекорите што ќе ги преземете за време на Вашиот мандат како Вицепремиер за европски прашања? Кои се најитните проекти и какви се изгледите за успех?

МАРИЧИЌ: Со оглед на надлежностите на Секретаријатот за европски прашања има три приоритети на кои што ќе се фокусираме. Прво е координацијата на реформите кои што се битни и за извештајот на Европската комисија меѓутоа и за придвижување на државата напред.

Тоа беше до сега под насловот „Агенда Европа дома“. Тие реформи мора да ги продолжиме, да ги засилиме и координацијата на тие реформи со надлежните министерства и институции е наша задача. Веќе работиме интензивно на тоа и очекуваме темпото на реформи и сите напори што ги правиме да покажат уште повеќе резултати.

Вториот дел е подготовка на нашите институции за почеток и спроведување на преговорите за членство во ЕУ. Уште во 2019 година ние имаме донесено како Влада сет на одлуки поврзани со структурата на преговарачките тимови. Планираме многу скоро во наредниот период да ги ревидираме согласно новата методологија на Европската комисија за преговори со државите кандидатки и да ги ставиме во функција што поскоро, веднаш штом се создадат услови за почеток на преговорите.

Третиот приоритет е подобро и поуспешно искористување на ИПА фондовите и на другата билатерална странска помош. Ние до сега имаме добар скор, меѓутоа сметаме дека можеме и подобро и повидливо за граѓаните. Затоа што навистина тоа се важни проекти што прават разлика и во секојдневниот живот меѓутоа и во трансформација на цели политики.

Ја преземате должноста на Вицепремиер на европски прашања во исклучително деликатна положба за земјата, меѓутоа и исклучително комплицирани меѓународни односи. Кои се главните предизвици за Македонија и регионот и како мислите да се справите со нив?

МАРИЧИЌ: Клучен предизвик глобално за целиот свет во моментов е секако руско-украинската криза односно руската агресија врз Украина. Сметаме дека е тоа настан кој што навистина го менува светот и го смени светот и ние како држава членка на НАТО и држава кандидатка за членство во ЕУ целосно сме усогласени со политиките на ЕУ на ова поле, во осудата на руската агресија и поддршка за Украина и украинскиот народ. Тоа ќе биде предизвик и во наредниот период. Ние ја следиме состојбата и како Влада постапуваме секојдневно и во однос на помош толку колку што можеме и преку структурите на НАТО и преку механизмите на ЕУ, но и билатерално за Украина. Исто така, се грижиме секојдневно да нема какви било последици врз нашето население, нашите граѓани, нашиот квалитет на живот, нормален живот во овој период.

Вториот предизвик кој што веќе подолго време го имаме на маса, тоа е спорот со Бугарија. Во однос на тој предизвик работиме интензивно на отклонување на пречката за почеток на преговорите. Во последниот месец има многу интензивна комуникација помеѓу премиерот Ковачевски и премиерот Петков. Постојат работни групи кои работат секоја недела на оваа тема. Ги дискутираме и отворените политички прашања и ние очекуваме што поскоро да се најде достоинствено решение коешто ќе ги заштити нашиот идентитет и македонски јазик и кое што ќе ни овозможи да се тргне блокадата за почеток на преговорите со ЕУ. Бидејќи 17 години веќе чекаме, од клучна важност и од клучно значење ни е што побрзо да ги почнеме преговорите.

Секако, третиот предизвик кој што е поширок од нашата земја или од нашиот регион се сите оние кризи предизвикани и од пандемијата и од ситуацијата во Украина, ковид кризата, економската криза која што произлегува како импликација на ковид кризата и секако проблемите во енергетиката кои што секојдневно се трудиме да ги решиме.

Како го оценувате расположението на јавноста во поглед на евро-интеграцискиот процес?

МАРИЧИЌ: Поддршката за ЕУ кај нас секогаш била висока. И кога била најниска, никогаш не паднала под 75% или 70%, што јасно укажува на искрената заложба, желба и поддршка граѓаните да бидат во ЕУ. Секако, во последно време, сосема очекувано, има сомнежи со оглед на тоа дека веќе долго чекаме, направивме веќе големи и сериозни жртви и направивме многу реформи. Ги создадовме условите да ги почнеме преговорите, а се уште не сме ги почнале.

Разбирливо е тоа да јавува револт кај граѓаните, но мислам дека стратешки долгорочната определба се, сепак, тука и има висок степен на поддршка. Слушнав дека неодамна имало и  некоја анкета во која што се укажува на тоа дека дел од граѓаните гледаат и други алтернативи.

Ние сме свесни дека има други алтернативи, но сите тие се полоши од ЕУ за нас. Европската Унија ја сметаме за најдобра алтернатива, за најстабилна алтернатива за нашата земја која што ќе донесе прогрес, напредок и остварување на нашите надворешно-политички цели. Ние инаку и како граѓани кои што се отселуваат во одреден период од државата, сите тие граѓани во 90% заминуваат во држави членки на ЕУ. Што значи дека тоа е начинот на живот кој што граѓаните го сакаат. Дури и оние кои ја напуштаат државата и оние кои се враќаат по одредено време. Затоа сметам дека поддршката е висока, но мора и Владата ние на тоа работиме без одлагање, но и Европската Унија да испорача. На таква поддршка време е навистина Европската Унија да испорача и да ги започнеме преговорите што поскоро.

Со години наназад нашата земја бележи недоволен успех во привлекувањето на европски фондови за поддршка на процесите во нашата земја. Дали и на кој начин ќе го промените тоа?

МАРИЧИЌ: Не мислам дека се недоволно искористени ИПА фондовите. Ние имаме статистика или податоци кои што укажуваат на пример од втората рамка на ИПА. Тоа е онаа рамка која што важеше до сега, започна од 2013/2014 година до 2021 или 2020. Во тој период имаме контрактирано скоро 90% од помошта. Околу 60% се веќе исплатени средства и реализирани. Тие се спроведуваат неколку години подоцна од тоа што се испрограмирани за таа година. Така што, можеби оди побавно таа имплементација, меѓутоа не оди лошо.

Секогаш може да направиме и повеќе и може да ги искористиме тие средства подобро. Токму затоа, сега во третата ИПА рамка, концептот е поинаков. Се финансираат зрели проекти. Остануваат секторите на коишто се дава поддршка меѓутоа исто така и се програмира година за година што и Владата има сериозно влијание во тоа што би се финансирало. Тоа ни дава еден простор да дадеме поддршка на проекти корисни за средините низ државата, низ Северна Македонија и ни дава можност да финансираме веќе проекти за кои што не се потребни години за подготовка или за документација туку максимум една година да бидат доволно созреани, да максимум една година од програмирањето веќе да можат да се имплементираат или да почнат да се имплементираат.

Еве, на пример, граничниот премин Маркова нога, чистењето на Преспанското езеро, чистењето на повеќе колектори исто така и во Охридското езеро, патните коридори се исто така финансирани од парите на ИПА. Сето тоа се видливи работи, повеќе железнички станици имаме и посебен фонд за Западен Балкан поврзан со инфраструктурата. Значи средства има ние треба само правилно, добро и брзо да ги имплементираме.

Нема знаци дека руско-украинската војна ќе заврши брзо. Како гледате Вие на овој жесток воен конфликт? Како ќе се одрази врз безбедносната и економската состојба во нашата држава?

МАРИЧИЌ: Секој воен конфликт на тлото на Европа не е добра вест за нас. Ние затоа во таа смисла и ја осудивме агресијата на Русија, бидејќи сосема без основа и без причина беше извршен овој напад и агресија врз Украина. Го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и независноста. Како членка на НАТО, помагаме преку тие структури толку колку што се нашите можности и обврски. Но тоа воедно ни дава една безбедност и сигурност дека, како членка на НАТО, нема да трпиме такви последици какви што би имале кога не би биле членка на НАТО.

Секако, целосно се усогласивме и со санкциите кои што Европската Унија ги воведе на Украина, таргетираните санкции кон определени физички и правни лица, и сметам дека тоа е правилната политика. Ние не учествуваме во креирање на овој конфликт, немаме  никаква улога во тоа, но кога е тој веќе тука, а ние сме членка на НАТО и кандидат за Европска Унија, должни сме да имаме став и должни сме да помогнеме во оваа криза толку колку што ние можеме.

Владата прави сè што е во нејзина моќ да ги ублажи евентуалните последици. Ние знаеме дека дел од оваа криза влијае и на цените на многу ресурси. Владата и до сега вложи многу средства и напори за енергетската ситуација да биде стабилна, да има постојано снабдување и со греење, топлинска енергија и со електрична енергија. И во тоа успеавме и секако ќе продолжиме да правиме напори што помалку последици да има за секојдневниот живот на граѓаните. Сметам дека ќе успееме во тоа и успеваме.

Со кои нови санкции ќе се приклучи Северна Македонија кон санкциите од ЕУ, САД и другите сојузници? Дали земјата е подготвена за тоа и каков може да биде одговорот од Русија?

МАРИЧИЌ: Ние ги прифативме санкциите кои до сега, и санкциите и мерките кои до сега ги донесоа државите членки на ЕУ и европските институции. Тоа се, пред сè, таргетирани санкции кон определени физички и правни лица заради нивните активности  или дел од политичкиот естаблишмент на Русија, но и компании и луѓе кои што ја помагаат оваа агресија на Русија.

Исто така, го забранивме прелетот на руски авиони преку воздушниот простор на Република Северна Македонија, и за сите наредни чекори ќе се координираме со нашите партнери, нема да направиме ништо повеќе од тоа но и ништо помалку бидејќи сметаме дека е тоа принципиелен став како членка на НАТО.

Не е ова наша војна, не е војна во која ние учествуваме, но сепак, се случува на тлото на Европа и ние сме должни да имаме став и да придонесеме во помошта за Украина.

Кои се перспективите на иницијативата „Отворен балкан“ во контекст на состојбите во регионот и на меѓународните односи?

МАРИЧИЌ: Иницијативата „Отворен Балкан“ доаѓа од страна на три држави и три влади, нашата, таа на Србија и таа на Албанија. Целта на таа иницијатива е да им отвори нови можности на граѓаните, да ги намали бариерите во трговијата, во економската соработка, во слободното движење на луѓето за да можат полесно и да се едуцираат, да студираат и да се образуваат и да работат во овој регион. Полесно да се добиваат работни дозволи, полесно да се поминуваат границите, меѓусебно да се признаваат дипломите.

Значи, целта на оваа иницијатива е зголемена, пред сè, економска и трговска соработка во регионот. Ние ја подржуваме принципиелно и инсистираме да остане  отворена како иницијатива за сите држави од Западен Балкан, значи не само за овие три кои што се веќе внатре, туку и за останатите три кои што не се, ја оставаме вратата отворена да се придружат.

Притоа, не сметаме дека е ова иницијатива која што може да биде замена за членство во Европска Унија, не, напротив, сметаме дека е само еден вид на регионална соработка која што е од корист на нашите граѓани. Таа соработка е поддржана и од нашите стратешки партнери и од ЕУ и од Соединетите Американски Држави и не пречи на другите иницијативи како што е Берлинскиот процес. Таму се сите вклучени и таму сме вложиле многу, таму пак е оној заеднички пазар на Западен Балкан. Ние во секоја добронамерна иницијатива што е поддржана од нашите партнери учествуваме со добра волја.

Да се задржиме уште малку на „Отворен Балкан“. Во моментов само три од шесте држави од Западен Балкан се во таа иницијатива, што ја прави иницијативата нецелосна и ранлива. Што ќе направите Вие, за оваа иницијатива да ги вклучи сите земји од Западен Балкан? Кои се главните предизвици, особено ако ги имаме во предвид безбедносната состојба во БиХ, политичката нестабилност во Црна Гора, континуираните тензии меѓу Србија и Косово и забрзаното вооружување на Србија со руско оружје?

МАРИЧИЌ: „Отворен Балкан“ е иницијатива која што, заради наше инсистирање, останала отворена да се приклучат и сите останати од Западен Балкан. Тоа што се моментално приклучени Србија, Албанија и Северна Македонија значи дека само тие биле подготвени да влезат во оваа иницијатива, но сите шест држави сме во Берлински процес.

Покриваме слични области, но не и исти. Целта беше да се забрзаат процесите што, во Берлинскиот процес, се на некој начин застанати или забавени. Клучните политички прашања, како што се односите меѓу Србија и Косово и односите во Босна и Херцеговина влијаат врз регионалната соработка, но токму затоа ги одбираме мудро темите, кои што се од интерес на граѓаните, а не имплицираат никакви политички ставови или решенија во однос на овие крупни политички прашања.

Затоа мислам дека и премиерот Ковачевски и претходните состави на владата, интензивно објаснувале и на Косово и на Босна и Херцеговина и на Црна Гора дека вратите на „Отворен Балкан“ се отворени за нив и дека немаат од што да се плашат, бидејќи освен соработката, економската, трговската и подобрувањето на движењето на луѓето, стоките и услугите, нема друга политичка позадина на оваа иницијатива.

Како Министер за правда започнавте тешки и деликатни проекти. Во каква состојба ја оставивте македонската правда и реформите во неа? Што очекувате да постигне вашиот наследник Тупанчевски?

МАРИЧИЌ: Јас го преземав ресорот во една тешка ситуација, по ковид кризата, по техничка влада во подолг период. Мислам дека продолживме и во многу области каде што претходно беа оставени од претходните наши министри, професорката Дескоска и г-динот Салиу. Продолживме да ја имплементираме стратегијата за реформи во правосудството. Почнавме еден сериозен процес на дигитализација во правосудството. Имавме, да речам, по прв пат се донесоа некои документи, како што се оние документи за човечки ресурси, управување на човечки ресурси и методологии за оценување на судиите, на обвинителите. Се изврши избор во судскиот совет на еден транспарентен и отворен начин, дававме поттик за независноста и транспарентноста на Судскиот совет. Почна процесот на прочистување, со 16 разрешени судии.

Нормално, ние ги создадовме законските услови за тоа. Тоа го направи Судскиот совет во своја независна и транспарентна постапка. Дел од случаите на СЈО добија свој исход, дел не. Едноставно, мислам дека беше променета атмосферата кон подобро во тие 16 месеци додека јас бев министер. Добра основа е тоа, Министерот Тупанчевски да продолжи и да надгради со свои идеи и со свои позиции. Пред него и пред целата влада е предизвикот да се спроведе до крај стратегијата за реформи во правосудството 2017 – 2022 и да се подготви новата стратегија која треба да почне од 2023 година.

Разговорот го водеше: Мартина Ацковска / Фронтлајн
Камера, фотографија и монтажа: Ариан Мехмети

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сиљановска го објави името – Трајко Славески за нов гувернер на Народна банка

May 21, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

May 21, 2025

Поранешниот советник на Виктор Јанукович, адвокатот Андриј Портнов, убиен на среде улица во Мадрид

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Притворената српска активистка Марија Васиќ се врати дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk