Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за Фронтлајн истакна дека поддршката за ЕУ кај нас секогаш била висока. И кога била најниска, никогаш не паднала под 75% или 70%, што јасно укажува на искрената заложба, желба и поддршка граѓаните да бидат во ЕУ.
Секако, во последно време, додаде Маричиќ, сосема очекувано, има сомнежи со оглед на тоа дека веќе долго чекаме, направивме веќе големи и сериозни жртви и направивме многу реформи. Ги создадовме условите да ги почнеме преговорите, а се уште не сме ги почнале, рече Маричиќ.
„Разбирливо е тоа да јавува револт кај граѓаните, но мислам дека стратешки долгорочната определба се, сепак, тука и има висок степен на поддршка. Слушнав дека неодамна имало и некоја анкета во која што се укажува на тоа дека дел од граѓаните гледаат и други алтернативи“, вели вицепремиерот Маричиќ.
Тој нагласува дека ЕУ е најдобрата и најстабилната алтернатива за нашата земја. Смета дека поддршката е висока, но мора ЕУ да испорача
„Ние сме свесни дека има други алтернативи, но сите тие се полоши од ЕУ за нас. Европската Унија ја сметаме за најдобра алтернатива, за најстабилна алтернатива за нашата земја која што ќе донесе прогрес, напредок и остварување на нашите надворешно-политички цели. Ние инаку и како граѓани кои што се отселуваат во одреден период од државата, сите тие граѓани во 90% заминуваат во држави членки на ЕУ. Што значи дека тоа е начинот на живот кој што граѓаните го сакаат. Дури и оние кои ја напуштаат државата и оние кои се враќаат по одредено време. Затоа сметам дека поддршката е висока, но мора и Владата ние на тоа работиме без одлагање, но и Европската Унија да испорача. На таква поддршка време е навистина Европската Унија да испорача и да ги започнеме преговорите што поскоро“, потенцира Маричиќ.
Целото интервју со вицепремиерот Маричиќ: