Креаторот на криптовалутата „unicoin“ и продуцент на Unicorn Hunters show (Ловци на еднорози), Алекс Конанихин, кој и самиот е етнички Русин, на својот LinkedIn профил и на Фејсбук, објави дека ќе го/ги награди награди по 1.000.000 долари, офицерот или офицерите коишто ќе го уапасат воениот злосторник Путин.
„Ветувам дека ќе платам 1.000.000 долари на офицерoт/ите кој/и, почитувајќи ја нивната уставна должност, ќе го уапсат Путин како воен злосторник, според Руските и Меѓународните закони. Путин не е руски претседател, бидејќи дојде на власт како резултат на специјалната операција на минирање станбени згради во Русија, а потоа го прекрши Уставот со забрана на правото на слободни избори и убиство на своите противници. Како етнички Русин и граѓанин на Русија, сметам дека е моја морална должност да ја олеснам денацификацијата на Русија. Ќе ја продолжам мојата помош за Украина во нејзините херојски напори да се спротивстави на нападот на Ордата на Путин“, напиша Алекс Конанихин.
Коанихин е претприемач и поранешен банкар. Својата кариера ја започнал со основање приватна банка во Русија кон крајот на комунистичкото владеење. Тој и неговата сопруга ја напуштаат Русија во 1992 година, а седум години подоцна добиле политички азил во Соединетите држави.
Азилот им бил укинат во 2004 година, но вратен во 2007 година. Својата деловна кариера главно ја поминал во Соединетите Држави, како државјанин на Италија, Русија и Аргентина. Има основано повеќе компании, вклучувајќи ги KMGi Group и TransparentBusiness.
И. З.