Во тек е седмиот ден од руската брутална агресија врз Украина. Не можејќи да постигне успех во борба со украинските бранители, руската армија извршува непрекинати напади врз цивилното население, со бомбардирање станбени згради, училишта, болници, градинки, породилишта и други цивилни објекти.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се обрати на сите граѓани на странски држави кои се пријатели на Украина. Секој што сака да се приклучи на одбраната на безбедноста во Европа и светот може да дојде и да застане рамо до рамо со Украинците против напаѓачите на 21 век.
„Руската армија следи многу подли тактики. Живеалиштата уништени од проектили и артилерија се крајниот аргумент за светот заедно со нас да ја запре окупаторската инвазија.
Украинците имаат храброст да ја бранат својата Татковина, да ја бранат Европа, да ги бранат цивилизациските вредности. Сепак, ова не е само руска инвазија на Украина, ова е почеток на војна против Европа. Против единството на Европа. Против основните човекови права во Европа. Против сите правила на соживот на континентот“ – се вели во повикот.
Според Правилникот за воена служба во Вооружените Сили за странци и лица без државјанство, утврден со Указот на Претседателот на Украина од 10 јуни 2016 година, бр. 248, странците имаат право да се пријават во Вооружените Сили за воена служба според договор на доброволна основа, вклучително и во редовите на Територијалните одбранбени сили на ВСУ.
За регистрација во Меѓународната легија и за сите детали, контактирајте ја Амбасадата на Украина во вашата земја (контакт информации: +389 72 589 639; prijavahorvat2022@gmail.com).




