Руската независна радио станица „Ехото на Москва“ објави дека ќе се затвори по одлуката на властите да ја исклучат станицата.
„Со мнозинство гласови на Бордот на директори на „Ехо на Москва“, беше донесена одлука за ликвидација на радио каналот и веб-страницата на „Ехото на Москва“, се вели во соопштението на нивната веб-страница, пренесува Би-Би-Си.
На 1 март, руските власти ги блокираа веб-страниците на „Ехото на Москва“ и на друг медиум наречен ТВ „Дожд“, и го симнаа „Ехото на Москва“ поради нивното покривање на војната во Украина.
Во изјавата, јавниот обвинител ги обвини „Ехото на Москва“ и ТВ „Дожд“ за ширење, како што рече, „информации за кои се знае дека се лажни во врска со акциите на руските војници, како дел од специјалната операција за заштита на Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск. .“
Јавниот обвинител, исто така, рече дека двaтa медиуми објавувале информации за кои во соопштението се вели дека повикува „на екстремизам, насилство врз граѓаните на Руската Федерација, масовно нарушување на јавниот ред и јавната безбедност“.
Властите во Русија забрануваат собири без дозвола и може да го сметаат емитувањето или известувањето конкретни информации за неовластени собири како организирање нелегални протести.







