Претседателот на Украина Володимир Зеленски, објави нова видео-порака во која вели дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но додека дека од ноќеска на полноќ без прекин руските сили ги гранатираат украинските градови.
„Немаме штода загубиме освен сопстевната слобода“, вели Зеленски додавајќи дека Украина секојдневно добива помош во оружје од нејзините сојузници.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски им вети на Украинците дека ќе се плати штетата врз инфраструктурата во ненговата земја предизвикана од инвазијата на руските сили и дека цената за тоа ќе ја плати Москва.
-Ќе ја вратиме старата состојба на секоја куќа, секоја улица, секој град и на Русија и кажуваме: Научете го зборот репарации и отшета. Ќе ни вратите во целост се што направивте против нашата земја, против секој Украинец, рече Зеленски во видео порака.
Изјавата на Зеленски доаѓа во мигови кога се покренува истрага за можни сторени воени злосторства на руската страна поради бомбардирање цивилни цели и невооружено население.







