ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фрчкоски и злобните скакулци

March 4, 2022 15:31
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Фамозната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ за Фрчкоски како иден амбасадор во Њујорк беше предмет на коментари на сите страни, докажувајќи ни дека една десничарска „луда“ може да создаде илјадници десничарски луди, односно како неколку луди може да создадат неколку десетици илјади луди. Само заради неколку партиски врескачи со „квазипатриотско“ усмерување – кои на прес-конференцијата создаваат алармантна атмосфера – и за оние кои на драго срце се фрлија на тоа назначување, па сега сите сме погрешно исправени пред дилемата, нивната дилема поточно, „дали Љубомир Фрчкоски треба да оди амбасадор во Њујорк или не?“

Хронологијата на оваа дилема е кратка: почнува преку „дојавен глас“ (класично удбашење) за контроверзната кариера на професорот Фрчкоски. Веројатно Фрчкоски според „вмроовците“ не е репрезентативна фигура. А, ако не е репрезентативен според нив, тогаш кој треба да оди во Њујорк, ви се молам? Можеби треба да одат оние кои мрдаат со усни додека читаат партиски соопштенија, можеби тие се покомпетентни од нашиот македонски „Карл Краус“?

Дилемите на ВМРО-ДПМНЕ дали Фрчкоски е репрезентативна личност се погрешни: тие воопшто не го демистифицираат Фрчкоски со тоа што дерат по неговиот лик и дело. Туку обратно: ако не беа такви какви што се, Фрчкоски немаше да направи Устав, немаше да ја конституира и дефинира оваа земја како граѓанска држава со релативно демократско-либерален поредок; немаше да биде еден од најчитаните колумнисти, аналитичари и професори кои некогаш оваа земја во својата историја имала. Дури, би рекол, амбасадорувањето на Фрчкоски во Њујорк, тоа е „завршен крај“ на една брилјантна политичко-филозофска кариера за еден нетипичен и несекојдневен ерудит; тоа е реализација на една легенда, односно тоа е реализација која се остварува во сегашноста. Тоа што велат дека мицковци можат да го обезвреднат Фрчкоски (демаскирање на неговата личност, човечкото минато, грижата за историско-мислечката  аура на државата), всушност е негова апотеоза.

Сè што десничарите поплукаа за Фрчкоски, во конечноста за реализација на една величина, едноставно го оттргнаа од амбиентот на оперските кулиси, од штелувањето на сентименталните воздишки и пренемагања.

Од друга страна, има еден важен момент низ кој се отсликува денес ВМРО-ДПМНЕ.

Гребењето, влечењето и плукањето по Фрчкоски, во основа е драмско, ама сепак не е драма. Фрчкоски е несекојдневна личност, не е тоа „everymen“ од нашиот сокак; цела своја кариера ја помина во сопствен белег, во свој стил и глас. Фрчкоски за овој наш свет е „вишок на смисла“, а знаеме дека во цивилизирани и култивирани средини од вишок глава не боли. Во таа негова оштро-нежна „донкихотовска“ политичка борба не можам а да не приметам една од најфините и најрафинираните форми на патриотизам. Тоа зборче кое од нас го киднапираа најлошите меѓу нас, тие кои денес лицитираат жестоко и гадно кој е оној што смее, може и заслужува да биде на служба во онаа или оваа метропола.

Кога малку подобро ќе размислам, точно е дека тоа врескање и урлање по грбот на Фрчкоски е невоспитано и непристојно од оние кои претендираат еден ден да бидат власт во оваа земја, ама исто така треба да се знае дека има и некои други луѓе на кои Фрчкоски им е важен како автор, како дух, како „исплазен јазик на епохата“ (читај, се мисли на логото на Стоунси!), дури и ако сакате како една бурна демократско-либерална авангарда која е на „крајот на својата политичка кариера“.

Фрчкоски отсекогаш бил само свој, ниту нивни, ниту „наш“, а така репрезентативно инклузивен и сеопфатен. Но, сè тоа е помалку важно, најважно кај Фрчкоски е она кое не потсетува на нас самите, и кое – фала му на Бога – суштински се разликуваме, како од „нив“, така богами и меѓусебно.

Нека Фрчкоски ужива во рафинираниот џез на Њујорк. Заслужи.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се заджани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи за МИА: Блокадата во ЕУ на Северна Македонија и Албанија го прави ранлив регионот

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk