Денеска на небото над Волноваха, единиците за воздушна одбрана на „Обединетите сили“ соборија уште еден непријателски бомбардер Су-34, објави на Фејсбук Министерството за одбрана на Украина.
„Руската Федерација продолжува да трпи загуби!
Денеска на небото над Волноваха, единиците за воздушна одбрана на „Обединетите сили“ соборија уште еден непријателски бомбардер Су-34.
Овој авион ги бомбардираше просториите на мирни граѓани и цивилната инфраструктура. Пилотот катапултиран, истрагата е во тек.
Слава на Украина!“, пишува во објавата.







