ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Вмровската злоупотреба на Осми март

March 5, 2022 20:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА, ФРОНТ
Кристина Костова

Кристина Костова

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Општоприфатена вистина е дека очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ се толку ниски што се практично во пеколот, така што нивното отворено лицемерие и дрзок настап не може целосно да нѐ изненади. Но, понекогаш се случува нивниот цинизам да нѐ стави во шок и неверување, макар и само за миг. Шокирани и запрепастени. Така за момент ќе се почувствуваат здраворазумните граѓани кога ќе слушнат дека денеска ВМРО-ДПМНЕ одржале марш, замислете, по повод Осми март.

Во историјата на постоењето и дејствувањето на оваа организација има толку многу проблематични политики и потези за кој било аспект од демократијата, но особено кога станува збор за родова политика и права на жените.

Малку е да се каже дека кога ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да маршира во име на жените, тоа е дрско, или безобразно, или непристојно, или несоодветно, или апла лажно. Впрочем, во македонскиот јазик не постои збор кој би ја доловил несоодветноста на таков еден настан, па особено и кога истиот го одржува токму во Штип, градот на текстилните работнички, против чии интереси ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи.

Постојат повеќе причини поради кои денешниот настан на ВМРО-ДПМНЕ е навредлив за секоја жена и за секоја личност што се бори за родова рамноправност. ВМРО-ДПМНЕ е партија што во целото свое политичко постоење на овие простори отворено и преку пласирани политики се залага за продолжување на угнетувањето на жената, за засилување на штетните практики на патријархатот.

Постапките на ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија во текот на 11 години режимска власт беа во насока на воспоставување брутални антиженски политики во секоја општествена пора:

Потрошија милиони од парите на граѓаните на кампања за многудетни семејства, преку која ги сведоа жените на машини за расплод чие место е во рамки на домаќинството, а никако во јавниот свет, како интелектуални или деловни битија. Притоа, жените кои одлучуваа да основаат повеќедетни семејства беа користени како паричка за поткусурување во политички игри со популистички (и неуставни) предлог-закони кои паѓаа на Уставен, но и со понижувачки критериуми за да ги добијат и тие минимални средства кои им беа ветувани.

Третманот на жените како ништо повеќе од машини за расплод продолжи кога, без да им трепне око, изгласаа нов закон за прекин на бременоста со кој им ја одзедоа телесната автономија на жените во државата, направија државниот апарат да биде сопственик на телата на жените.

Кога во 2011 г. воведоа минимална плата од 8050 денари, нејзината имплементација ја одложија дури за 2015 година само во текстилната и кожарската индустрија. Најголем дел од обесправените жени се токму текстилните работнички, но ВМРО-ДПМНЕ немаше проблем во целост да ја занемари нивната материјална сигурност.

Постапките на ВМРО-ДПМНЕ како опозиција не се ништо подобри.

Имено, тие со месеци ја блокираа работата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, со што отворено работеа против усвојувањето на Закон за спречување и заштита од дискриминација.

До пред само неколку недели, на Христијан Мицкоски и Трајко Славески устите пена им фатија објаснувајќи по емисии како зголемувањето на минималната плата било вештачко, нереално и штетно, иако најголемата придобивка од зголемувањето на минималната плата ја имаат жените во текстилната индустрија.

Отворено, но и преку сателитски здруженија, работат против реформи во образованието и се залагаат за исклучување на родовата еднаквост од образованието, тоа што во концепцијата се нарекува родово сензитивно образование. Од ВМРО-ДПМНЕ се противат на учење дека момчињата и девојчињата треба да бидат третирани исто, дека изборот на професиите не зависи од полот или родот, дека девојчињата заслужуваат да имаат повеќе опции од тоа да бидат сопруги или домаќинки.

Не дадоа поддршка на ниту еден настан на граѓанските здруженија кои се залагаат за родова рамноправност, туку напротив – работат против нив и насекаде ги трубат нивните антиженски флоскули.

Па и земале користеле податоци извлечени од истражувања направени од организации против чие постоење работеа кога беа на власт. Онака таксативно набројуваат тоа што им се видело симпатично: дека жените во многу мал процент се земјопоседнички, дека жените се послабо платени на работните места… Податоци кои и тоа како се точни, ама за тие ситуации директно придонеле токму ВМРО-ДПМНЕ. Имено, тие и како власт, и како опозиција, отворено ги пропагираат традиционалните вредности, принципите на патријархатот, кои ја заробуваат жената во приватната сфера на домот, ја ангажираат жената со неплатен труд на грижа за домот и семејството, охрабруваат полош третман на жените во рамки на семејството (оттаму и помалиот број на земјопоседнички), ги засилуваат стереотипите за жените на работните места, ги сатанизираат жените кои сами одлучуваат да бидат сопственички на своите тела итн.

Факт е дека борбата за родова рамноправност е далеку од завршена. Секојдневно се соочуваме со сериозни предизвици, но и уназадувања. Денешниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ е едно такво сериозно уназадување. Од неговата кратка изјава на денешниот марш се забележува како Христијан Мицкоски за неполна минута прашањето за родова рамноправност и родови политики го фрла во вода со цел да си ја промовира својата партиска агенда. Ваква неморална експлоатација на Осми март е дегутантна.

ВМРО-ДПМНЕ со сите постапки на нивните функционери поединечно, но и како колектив, важат за најголемите непријатели на жените и женската кауза во Северна Македонија. А, сепак се до толку бескрупулозни што немаат проблем да го злоупотребат Меѓународниот ден на жената. Не се гледа во срамот кој не го чувствуваат.

Родовата рамноправност подразбира еднакво присуство на жената во јавната сфера преку учество во политика, пазарот на труд, образовните процеси итн. Обидот да се злоупотребат овие вековни борби на жените за туркање на демохристијанска партиска (а воедно и антиженска) агенда е навредлив не само кон жените туку и кон целокупниот цивилизациски напредок.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk