Управното тело на Светскиот куп во гимнастика кој се одржува во Доха, го осуди „шокантното однесување“ на 20-годишниот руски гимнастичар Иван Кулијак, кој ќе се соочи со долга забрана поради носење симболот „Z“, кој укажува на поддршка на инвазијата на Украина, пренесе Гардијан.
Откако ја освои бронзата во финалето на паралелни шипки, Кулијак ја залепил буквата „Z“ на предната страна од својата облека пред да застане до освојувачот на златниот медал, Илија Ковтун од Украина.
Буквата „Z“, која во кириличното писмо се пишува поинаку, се смета за особено контроверзн, со оглед на тоа е видена напишана на руски тенкови и возила во Украина и ја симболизира поддршката за претседателот Владимир Путин и инвазијата.
Кулијак исто така не можеше да го носи руското знаме бидејќи тоа веќе беше забрането од Меѓународната гимнастичка федерација. Оттаму велат дека ќе побараат од Фондацијата за гимнастичка етика да отвори дисциплинска постапка против Кулијак „по неговото шокантно однесување“./обработка Фронтлајн/.