Мишел Гуревич, светски позната кантавторка од Канада, со руско-еврејско потекло, вчера ја објави својата најнова песна „Збогум мој диктаторе“ (Goodbye My Dictator). Иако не го спомнува по име, нема ни јас, мислам дека е повеќе од јасно за кого се пее во песната.
Немав време за препев, само набрзина ја преведов за потребите на оние што не го знаат англискиот јазик.
Ги повикувам сите мои читател(к)и, пријател(к)и и другар(к)и да ја слушнат и да ја споделат оваа песна, заедно со вестите, апелите и колумните посветени на крвавата руска агресија и на херојските бранителки и бранители на Украина. Секој може да помогне!
Збогум мој диктаторе
Никогаш нема да добиеш љубов сосила
Вистината секогаш ќе го најде својот тек
Некои луѓе навистина немаат срам
Тоа е само болест со име
Премногу се забавувавме
Пиење кафиња на сонце
Некој сакаше да биде крал
Дојде и заеба сѐ
Збогум мој диктаторе, збогум
Затоа што сите знаат дека е време
Изеде преголем дел од колачот
Збогум мој диктаторе, збогум
За повеќето е тешко да разберат
Добри намери немаат сите
Зошто секогаш мораме да стражариме
Кога има љубов и има уметност
Премногу се забавувавме
Пиење кафиња на сонце
Вчера животот беше божествен
Но, сега се враќаме назад во времето
Па збогум мој диктаторе, збогум
Затоа што сите знаат дека е време
Имавте повеќе од вашиот дел од колачот
Збогум мој мачителе, збогум
Збогум мој диктаторе, збогум
Затоа што сите се болни и уморни
Сите ќе танцуваме кога ќе умреш
Збогум мој диктаторе, збогум
Збогум мој диктаторе, збогум
Затоа што сите знаат дека е време
Изеде преголем дел од колачот
Збогум мој мачителе, збогум
Збогум мој диктаторе, збогум
Затоа што на сите им е смачено и уморни се
Сите ќе танцуваме кога ќе умреш
Збогум мој диктаторе, збогум
Збогум мој диктаторе, збогум
Збогум мој диктаторе, збогум
Мишел Гуревич
Објавено 7 март 2022
#StandWithUkraine
#StopPutinNOW
Эта записка написана вашим верным другом Джабиром Дераллой