ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Производите што се извезуваа во Русија и Украина ќе ги извезуваме во други држави

March 9, 2022 22:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во врска со пласманот на производи бараме начин каде да ги извеземе, веќе работиме на тоа и мораме да го решиме тоа. Погодени се голем број индустрии, Украина е извозник на челик и дел од нашите компании сега страдаат и бараат други компании во други држави од каде да го набавуваат.“- рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на ТВ 24.

Потсети дека Северна Македонија застанала на страната на Украина затоа што ја почитува независноста на државата и затоа што делуваме според НАТО и ЕУ ставовите.

„Ние од самиот почеток застанавме на страната на Украина и го поддржавме територијалниот интегритет. Ние сме членка на НАТО и мораме да имаме координиран став. Исто како што ги усогласуваме ставовите со Европската Унија. Кога зборуваме за санкциите, тие санкции се однесуваа на санкции што ЕУ ги имаше воведено уште претходно и се однесуваа кон компании и лица кои ја поддржале акцијата во Украина. Потоа имаше и дополнитени санкции од европските држави. Секоја држава ја моделира надворешната политика согласно тоа што ни се случува. Земји кои го осудија нападот, нападите врз цивилни објекти, како земји кои ја поддржуваат независноста на Украина практично се стават на страната на заштита на животите во Украина.“- изјави Ковачевски.

„Кризата во Украина потврди дека во вакви услови соседните земји треба да имаат одлична соработка. Само низ соработка може да си помагаат и да ги пребродат кризите. Тие треба да градат мостови на пријателства“ рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека со Бугарија е започнат процес на комуникација и соработка и дека по двете владини средби започна работата на комисиите во полето на економијата, инфраструктурата, иновациите, транспорт, образование и наука, култура и евроинтеграции.

„Треба да се врати довербата меѓу двете општества која во минатото беше нарушена, бидејќи медиумскиот простор и перцепцијата беа под влијание на пропагандисти кои не сакаа решение и нормална комуникација меѓу двете земји“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека работните групи активно функционираат, како и комисиите во Министерствата за надворешни работи кои ги дискутираат политичките прашања.

„Комуникацијата на министерствата за надворешни работи се одвива низ работни средби. Тие ги дискутираат политичките прашања кои треба да се решат во пакет, по што ќе се крене ветото и ќе отпочнат преговорите со одржување на првата Меѓувладина конференција на Северна Македонија и ЕУ“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи редовно брифира за активнистите на министерствата и дека кога ќе има одреден прифатлив договор за двете страни, тој ќе биде соопштен на јавноста и ќе биде изгласан низ институциите на државата.

Д. Е.

Next Post

Ковачевски: Спорот со Бугарија не може да влезе во преговарачката рамка со ЕУ

Најново

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk