Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, им се обрати директно на мајките на војниците кои војуваат во Украина, велејќи ѝм: „Знам дека сте многу загрижени“, и се обидуваше да ги смири. Но, некои мајки, баби, сестри и девојки на војниците, за Би-Би-Си велат дека се очајно загрижени за саканите кои се дел од војската. Млади мажи кои се чини дека воопшто не знаеле зошто ги праќаат во Украина.
Сите имиња се сменети
Кога Марина не го слушнала својот внук повеќе од една недела, почнала да врти по телефони. Во последната порака која тој и ја испратил пишува дека е на границата меѓу Белорусија и Украина и дека наскоро ќе се врати дома. Но оттогаш таа не добила никакви вести од него и стравува од најлошото.
„Ја телефонирав во неговата воена единица, и тие рекоа дека не ја напуштил Русија. Јас вратив, се шегувате? Тој ми се јави од Белорусија. Не знаете ли каде одат вашите војници? Тие ја спуштија слушалката и повеќе не разговараа со мене“.
Внукот на Марина, Никита, најпрво бил регрут. Мажите во Русија на возраст од 18 до 27 години, кои немаат други обврски како што се студирање или грижа за мали деца, ги регрутираат во војска на една година.
Сепак, Марина вели дека во првите неколку дена од службата на Никита, претставници на воените единици пристигнале во нивниот регион, надевајќи се дека ќе ги натераат регрутите да станат војници со договор, со цел да ја продолжат својата воена служба и да заработат плата. Регрутите го сочинуваат најголемиот дел од помладиот услужен персонал во Русија.
Го „убедија“… Му кажаа дека ќе може порано да се пензионира, ќе имаш постојана плата, ќе научиш да возиш, вели таа.
Никита стана возач во механизирана пешадиска дивизија, но неговата заработка не беше доволна за удобен живот. Неговата месечна плата од 18.000 рубљи или 240 долари пред да „падне“ рубљата, беше само само да се „снајде“ во руралниот дел на Русија. Тој дури и рекол на баба му дека треба да плати од плататата за униформа и гориво.
Имаше бесплатно сместување во бараките, но не можеше да ги поднесе условите за замрзнување – немаше греење или топла вода – па мораше да плати и за кирија, вели таа.
Тој рече: „Имаме вежби, па потоа уште вежби, па си одиме дома“, а оваа е и одговорот на многу мајки и роднини на руски војници со кои било разговарано.
Друга жена, Галина, вели дека сфатила дека нејзиниот син Николај е во Украина дури кога нејзината сестра ја забележала неговата фотографија на Фејсбук страницата на началникот на вооружените сили на Украина како заробеник.
На брифингот на Пентагон во петокот беше кажано дека значителен број од мажите кои се борат во Украина се регрути, а тоа може да се должи на нивното неискуство и недостаток на знаење што се очекува од нив.
Се чини дека тие верувале дека едноставно биле на вежби, а не дека ќе бидат испратени во ботка.
Исто како и внукот на Марина, Никита, – и многу други мажи со чии роднини разговаравме – синот на Галина, Николај, започнал како регрут, кој потоа станал војник со договор, пренесува Би Би Си.
Галина вели дека последен пат се слушнала со Николај еден ден пред нејзината сестра да ја забележи неговата фотографија, a во разговорот тој ѝ кажал дека неговата единица е во близина на украинската граница.
„Не знам што да правам. Медиумите молчат за тоа дека нашите момци беа заробени. Или не знаат“, вели таа.
Девојката на Николај рекла дека тој станал војник со договор во декември минатата година за „да се грижи за неговото идно семејство“, и покрај нејзините напори да го разубеди.
Неговата мајка додава дека нема други можности за пристојна заработка на локално ниво.
„Моето дете не отиде по своја волја, Врховниот командант го испрати таму“, вели таа.
„Да бидам искрена, не разбирам зошто е сето ова“, вели таа. „Кај нас некои луѓе немаат што да јадат, јас не разбирам никаква војна или пак воена акција.
„На чија врата да тропнам за да си го вратам детето?, прашува очајната мајка.
Ова чувство го дели и друга мајка со која разговараше Би-Би-Си, чиј син исто така работел како војник со договор и бил испратен на наводна вежба.
„Да знаев каде е сега, ќе се спакував и ќе отидев кај овие луѓе и ќе ги молев за милост“, вели таа.
Историски гледано, мајките на војниците во Русија отворено зборуваат за тоа како војската била распоредена и третирана, и агитирале властите да бидат поотворени за бројките на жртвите.
Тие одиграа особено значајна улога во агитирањето против двете чеченски војни во Русија, водејќи јавна кампања.
Но, новиот закон кој беше усвоен минатата недела му се заканува со 15 годишна затворка казна, на секој на секој оној кој шири вести а Владата ги смета за „лажни“ кога станува збор за „воената акција“ на Русија во Украина.
Руската јавност исто така беше изложена на моќна антиукраинска пропаганда од руските државни медиуми. Сестрата на еден човек за кој верува дека е исчезнат во Украина, рече дека мислела дека мора да има добра причина за инвазијата.
„И сега ние сме повикани на митинзи. Мене ми изгледа дека тие (Украина) ја уништија својата земја, а сега сакаат да уништат друга.
Украина се обиде да се спротивстави на таа пропаганда со сопствена моќна кампања. Линијата за помош наречена „Грижете се за своето“ (Ishchi Svoikh на руски) за првпат беше објавена на третиот ден од како што Русија го опишува „специјална воена операција за демилитаризација и денацификација“ на земјата.
На социјалната мрежа Телеграм беа објавени фотографии од руски заробеници и жртви и ги охрабрува загрижените роднини да стапат во контакт. „Вашингтон пост“ ја истакна загриженоста за објавувањето на експлицитните фотографии.
„Ова е наш гест на добра волја кон руските мајки“, изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Министерството за надворешни работи на Украина оди чекор понатаму, На својата офијцијална страна и на Фејсбук упати директен повик до руските мајки да дојдат да си ги земат своите синови, а беа напишани и конкретни упатства што да направат.
„Ние, украинскиот народ, за разлика од фашистите на Путин, не водиме војна со мајките и нивните заробени синови“, се вели во него.
И покрај овие апели, сите роднини со кои разговаравме немаа став за легитимноста на руската акција во Украина, ниту пак ја поддржаа.
Но комуникацијата со поракина една жена со нејзиниот вереник кој е војник – што таа ја покажа на Би-Би-Си – укажува на тоа дека, во неговиот случај, тој не потпаднал под руската реторика дека тие влегуваат во Украина за да го „ослободат“ населението.
Извор: BBC News
Превод: И. З.