ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Нема докази дека загинала првата жена борбен пилот во Украина

March 9, 2022 09:34
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Харков, Украина. Фото: Anadolu Agency

Харков, Украина. Фото: Anadolu Agency

Share on FacebookShare on Twitter

Ниту украинската војска ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот. Официјалните медиуми, исто така, немаат споменато дека загинала првата жена борбен пилот во Украина. Нашата проверка покажа дека на фотографиите, кои се споделени со оваа непотврдена информација, се две девојки кои не се борбени пилоти. Едната е Олга Петровна, воено лице во украинската армија, а  другата, пак, е Наташа Пераков, но таа е фотомодел или рекламира облека за продажба на интернет, анализира Вистиномер.

Откако почна воената инвазија на Русија во Украина, на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат и да циркулираат фотографии од луѓе, кои, наводно, го загубиле животот во битките што се водат на украинска територија. Таков е случајот со објавата за наводната смрт на првата жена борбен пилот во Украина, која починала откако била тешко повредена.

Барем така се тврди во постовите споделени на социјалната мрежа Фејсбук, а ги има и на Твитер. Меѓутоа, оваа објава на Фејсбук за смртта на првата жена борбен пилот во Украина, е проследена со фотографии од две различни девојки облечени во укранска воена униформа. И за двете се тврди дека се една иста личност и дека таа личност починала. Во насловот на текстот линкуван во постот се вели:

ГOЛЕMA TPAГЕДИЈА – БРАНЕЈЌИ ЈА УКРАИНА ЗАГИНА И НАТАША ПЕРАКОВ, ПРВАТА ЖЕНА БOPБEН ПИЛOT ВО УКРАИНА

Се тврди дека девојката прикажана на двете фотографии се вика Наташа Пераков. Проверката на „Вистиномер“ покажа дека на фотографиите, кои се споделени за оваа непотврдена информација (никако не може да се верификува дека првата жена борбен пилот починала), се две девојки кои не се борбени пилоти.

На едната од фотографиите, онаа на која е прикажан само ликот на девојката, се наоѓа Олга Петрова, воено лице во украинската армија. На официјалната страница на украинското Министерство за одбрана е објвена нејзина фотографија на која се гледа како добива признание. На признанието прикжано на фотографијата е испишано името Олга Петрова.

На социјалната мрежа Твитер, кога ќе се пребара фотографијата на девојката облечена во воена униформа, свртена настрана и со рацете в џеб, се доаѓа до исклучително вирална содржина, која се повторува десетици пати, а на  споделената фотографија се дава опис дека Наташа Пераков, првата жена пилот на борбени авиони во Украина починала откако била тешко повредена.

Нашата проверка покажа дека  на втората фотографија, е Наташа Пераков, но таа не е борбен пилот ,туку фотомодел или рекламира облека за продажба на интернет.

Инаку, на социјалните мрежи имаше и постови на кои е прикажана само една фотографија, но со идентична порака дека првата жена пилот на борбени авиони во Украина починала откако била тешко повредена.Таков е на пример овој пост:

Во друг пост, кој подоцна е избришан, беше објавено следното:

Наташа Пераков Првата жена на борбрни авиони во Украина. Почина на 26.02 како последица на тешки повреди здобиени во борба со рускиот агресор. Слава Украини!

 

Но, дали е тоа вистината?

Ниту украинската војска, ниту официјалните органи на Украина немаат споменато ништо за смрт на жена пилот. Официјалните медиуми, исто така, немаат споменато дека загинала првата жена борбен пилот во Украина. Но, кампањата со лажните фотографии, со оглед на тоа дека се работи за убави девојки, си го направи своето – приказната брзо стана вирална и предизвика бран на жалење. Сепак, нема докази дека првата жена борбен пилот во Украина загинала, а нашата проверка покажа дека на фотографиите кои се споделени со оваа непотврдена информација, се две девојки кои не се борбени пилоти.

Анализа на Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

July 18, 2025

Кривична пријава за два обида за убиство, тешки кражби и поседување оружје, лишено од слобода едно лице

July 18, 2025

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk