Руска активистка си го запали пасошот на протестот против руската агресија врз Украина, кој се одржал пред неколку денови во Единбург во Шкотска, објави Би Би Си.
„Не сакам повеќе да бидам државјанка на земјата која врши воени злосторства против Украинците“, вели 26-годишната Ана Јакубова од Москва, којашто со запалка го запали црвениот пасош пред насобраните луѓе собрани во близина на Могилата.
Во шкотската престолнина се одржуваат демонстрации од почетокот на руската инвазија во Украина.
„Ова е најмалку што можам да направам. Многу Руси во моментов се срамат од Русија. Очигледно, мој прв јазик е рускиот, но руската литература и јазик се едно, а Руската влада друго“, вели Јакубова.





