ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска-Лудва: Чешка силно ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес

March 10, 2022 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија Н.Е. Јарослав Лудва, на која разговараа за можностите за понатамошна соработка меѓу двете држави, особено со чешкото министерството во чија надлежност се трудот и социјалната политика, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска истакна дека искуството на  Р.Чешка е од големо значење за нас, особено во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, политики за пазарот на труд и вработување, колективно договарање и социјален договор. Соговорниците се согласија дека соработката во овие области треба да се интезивира и продлабочи.

На средбата се разговараше и за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и напорите кои државата изминатите години ги прави со цел  усогласување на домашното со европското законодавство, со цел влез во Европската Унија.

Амбасадорот Лудва ја потврди поддршката на Р.Чешка за евроинтеграцијата на земјава и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро, бидејќи земјата вистински се вложува.

„Р.Чешка го презема претседавањето со Советот на ЕУ на 1јули оваа година, се надевам дека почетокот на преговорите ќе се случи токму во овој период,“ рече амбасадорот Лудва.

Тренчевска изрази благодарност за силната поддршка на Чешката Република за нашето членство во НАТО како и за поддршката за приклучувањето на Северна Македонија во Европската унија.

„Двете држави имаат одлична билатерална соработка и подготвени сме да ги продолжиме сите започнати процеси и да ја збогатиме соработката преку реализирање на заеднички проекти, размена на искуства и соработка“, рече Тренчевска.

Соговорниците изразија уверување за продолжување на воспоставената соработка помеѓу двете држави.

Next Post

Шаќири – Сандри: МОН е подготвено да помогне во образованието на бегалците кои транзитираат низ земјава

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk