Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) од Љубљана, Словенија, редовно ги анализира настаните на Блискиот Исток, на Балканот и ширум светот. Џеј Скот Јангер е претседател на Glendale Partners и член на Советодавниот одбор на IFIMES. Во својата статија со наслов „Војната на Путин -2“ тој ја анализира моменталната ситуација во Украина.
Пишува: Џеј Скот Јангер / Ј. Scoot Younger
Во изминативе десет дена војната во Украина се засили, а повеќе од 1,5 милиони Украинци ги напуштија своите домови(според најновите податоци 2,3 милиони) , ја преминаа границата и се засолнија во соседните источноевропски земји. Во меѓувреме, Владимир Путин вели дека ова не е војна или инвазија, туку само чистење на корумпираната, неонацистичка влада од наркозависници, секое противење на Русија треба да се казни, а оние кои се противат ќе бидат осудени на неоправдано брутални казни.
Илјадници руски граѓани се приклучија на протестите на граѓани од други земји и ризикуваа апсење. Кога Путин влече за нос? Тој е стиснат во ќош и затоа е уште поопасен. Кој ќе ги запре неговите глупости? Западните земји? Неговиот народ?
Откако Путин ја презеде функцијата, прво како премиер помеѓу 1999 и 2000 година, Русија имаше систем на управување со Политбирото, група на луѓе од вискок ранг во еден вид парламентарно собрание кои разговараа за важни прашања, а потоа донесоа заедничка одлука, иако пред да има некои гласања за прашања како на пр. самоодржливоста.
Комунизмот на дело. Од 2000 година претседателот има четиригодишен мандат кој може да биде продолжен за уште четири години по реизборот, слично како и во некои други земји.
Дмитриј Медведев тесно соработуваше со Путин, а во 2008 година тие ги сменија позиициите на четири години, но немаше многу промени во политиката. Во 2012 година Путин ја зголеми моќта во Политбирото и беше договорено Путин повторно да остане на претседателската функција и сè уште е на функцијата, иако го прекршува „правилото“ дека може да има најмногу два претседателски мандати.
Во првата деценија на овој век, Русија се фокусираше на економијата, а некои економисти ја пофалија.Беше утврдено и дека другите големи земји се развиваат и работат доста добро, што доведе до создавање на добро познатата меѓународна политичка организација БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. Официјално се среќаваат од 2009 година, а домаќин е Индија.
Важно е тоа што никоа од овие земји нема премногу за губење поради илегалната инвазија на Русија на Украина.
Трговијата меѓу јужноазискиот потконтинент и Бразил во многу мала мера зависи од Русија, а Кина има бизнис со Украина.
Неодамна пакистанскиот премиер Имран Кан и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беа во дипломатска посета на Путин, но тие не беа посрамотени да седнат на екстремно долга маса, што подалеку од претседателот. Наместо тоа, тие беа срдечно пречекани, на вообичаен начин, рамо до рамо и со државни знамиња.
Колку далеку може да се оди, колку долго може да се издржи
Постепено Путин ја зголеми моќта во системот за да стане прв меѓу еднаквите, стана претседател и опасно е ако се налути! Со текот на времето, се намали кругот на луѓе на кои ѝм веруваше, па сега изгледа прилично осамен, без никој на кого може да се потпре и сега така потсетува на последните денови на Сталин или Хитлер. Станува збор за транзиција од комунизам во диктатура. Прави како што реков, поинаку……! И не мора како мене.
Во 2013/14 Путин се вознемири кога виде како народите на Украина и Белорусија се приближуваат кон Европската унија, а тоа се поранешните држави на старата советска империја. Тие сакаа да бидат дел од силниот економски блок што го нуди ЕУ. На следните избори, и Белорусија и Украина гласаа за проевропски, прозападни кандидати, а не за проруски, происточни кандидати. Во главата на Путин се вклучија аларми.
Во Белорусија, актуелниот проруски претседател Александар Лукашенко, беше сериозно поразен при пребројувањето на гласовите, но го прогласи резултатот за лажен и остана на функцијата, на големо олеснување на Русија и поддршка за Москва.
Имаше и неколку протести поради изборите во 2013 година во Украина, и очигледни проевропски симпатии во земјата, а тоа го наплавило Путин исклучително незадоволен.
Тоа го покажа со окупацијата на Крим (не е првпат оваа област да предизвика спор) и постепено областа Донбас во источна Украина долж границата со Русија. Таму живее значителен дел од проруското население, а од 2015 година има многу конфликти со проукраинското население. Очигледно, Путин тогаш веќе виде дека западните земји можеби се загрижени поради тоа, но тој нема да направи ништо. Тоа само го охрабри.
Следните избори во Украина беа во 2019 година и резултатот беше јасен, мандат за помалку веројатниот, но нов кандидат, Володимир Зеленски, кој беше повеќе за слободна пазарна економија, ќе се осмелам да кажам, демократски пристап кон Европската унија.
Украина се повеќе заземаше став свртен кон Запад, а НАТО веројатно подоцна имаше намера да ја земе земјата под своја закрила. Така Русија би го имала НАТО на својата граница, како што имаше СССР во минатото. Всушност, неодамнешната руска инвазија ја поттикна украинската влада формално да се стреми кон членство во ЕУ.
Путин не се согласи западните сили да имаат директен пристап до руската граница доколку Украина еден ден влезе во ЕУ, а подоцна и во НАТО, иако таа е само одбранбена алијанса. Тој инсистираше на постигнување официјален договор, Украина да не влезе во НАТО, што беше одбиено. Тој за жал живее во минатото додека светот напредува со забрзано темпо. Тоа е диносаурус и секако опасен.
Иако цело ова време внимателно ја следи Западната алијанса, тој сè уште работи на деталите од неговите планови, не очекувајќи никаква грешка при преземањето на најголемиот дел, ако не и на целата територија на Украина и воспоставувањето контрола врз неа. Ако успее, ќе планира нови операции само ако е уште жив! Сега знаеме дека кажува што сака, лаже и користи лажни вести. На неговите зборови едноставно не може да им се верува.
Досега буквално се извлече за убиства. Западот воведе огромни финансиски санкции, но тие не се доволни да го спречат, секако барем на краток рок. Ова ја уништува руската економија и ќе и наштети на среден рок. Може ли Украинците да издржат додека Русите не видат дека тој мора да замине? Се чини дека им е потребна поголема помош од западните сојузници, за да можат да го запрат Путин, барем на краток рок. Во меѓувреме, гледаме неселективно уништување на неколку прекрасни градови, кои ја сочинуваат државата Украина.
На другата страна на светот, пак, кинеската хиерархија го следи однесувањето на Путин и реакцијата на Западот. Ако нивните одговори се млаки, тоа ќе ја охрабри Кина да се фокусира на своите експанзионистички планови. Можеби сепак ќе продолжи со нив!
За авторот:
Д-р Џеј Скот Јангер е професионален градежен инженер, живеал во Далечниот Исток 42 години и работел во 10 земји за Светската банка, АДБ и УНДП. Има објавено бројни статии, бил колумнист за Forbes Indonesia n Globe Asia. Тој беше член на одборот на Британската и Европската комора и беше потпретседател на Меѓународната стопанска комора 17 години. Негови области на интерес се инфраструктурата и одржливиот развој, заинтересиран е и за меѓународни прашања. Тој е меѓународен канцелар на Претседателскиот универзитет во Индонезија и член на Советодавниот одбор на ИФИМЕС.