ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Забранет извозот на житарки и масло, клучна заштитата на домашното производство и граѓаните

March 12, 2022 08:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пченицата, јачменот, пченката, пченичното брашно, семето од сончеглед и сончогледовото масло од вчера се забранети за извоз. Мерката е времена и ќе трае десет дена, а се воведе за да се заштитат домашното производство, домашниот пазар и граѓаните, како и за да се избегнат секакви шпекулативни дејства на трговците.

Надлежните уверуваат дека простор за паника нема. Државните резерви се полни и ако се оцени дека е потребно, ќе бидат активирани. Се следи и движењето на цените.

Како што истакна министерот за економија Крешник Бектеши, сега не е време за политикантство и шпекулации. Сите чинители, и економски и политички, треба да покажат разбирање и да придонесат за намалување на негативните последици од кризата.

– Граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат. Им гарантирам дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Приватните млинови, приватните компании во земјата располагаат со преку 50 илјади тони залихи пченица, преку 10 илјади тони пченка и над 8 илјади тони јачмен што се должи на растот на домашното производство на пченица од 195 илјади тони во 2017 година на 253 илјади тони во 2021 година. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.

Според него, забраната за извоз се носи превентивно, за да не настанат поглеми нарушувања на пазарот.

-Треба да се има предвид дека во вакви времиња одредени трговци се обидуваат да направат поголеми профити. Домашните производители и трговци прво треба да се грижат за домашниот пазар, а не по потреба и по добивање одредени понуди, поголеми цени од странство, да го пренасочат производството за експорт, порача Бектеши.

Презентирајќи ги бројките од Царинската управа, министерот рече дека само во последните 10 дена од земјава се извезени 416 тони масло од сончоглед, 700 тони пченка, 166 тони брашно од обична пченица, два тона брашно од наполица и 174 тони тврда пченица.

-Северна Македонија е држава членува во одредени форуми, вклучувајќи ја и ЦЕФТА, и имаме договори со сите, но кога имаме еднострана одлука од наш сосед секако дека ние мора ние да се грижиме за нашите граѓани првично, а секако дека кога ќе имаме дополнителни количини како што имаме и сега, затоа е и времена мерката, ќе дозволиме и извоз, но најважно од се е трговците, производителите да знаат дека сите овие мерки, овие 400 милиони евра кои ги дава Владата се средства на граѓаните, се со цел да нема ценовни шокови од страна на домашното производство, од страна на трговците на големо на овие одредени производи. Првично, треба целосно да се покрие домашниот пазар со подобри цени, а се што е повеќе од тоа ние ќе дозволиме да се извезува, објасни Бектеши.

И државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски потврди дека во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државните резерви пченица.

-Има доволно лебно жито во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разгоговорите со цел редовно снабдување, истакна Димковски.

Тој информира дека се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред се на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени. Моментно, дополни, има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачен, односно за поледелски култури.

Прогнозите во светски рамки се дека поради урско-украинскиот конфликт цените на храната може да се зголемат од осум до 20 отсто. Според Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, а има неизвесност и околу рускиот извоз на храна. Како што посочува ФАО, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури./MИА/.

Next Post

Намалени ДДВ за основните прехранбени продукти и енергенсите и акцизите на горивата

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk