Како резултат на руската агресија во Украина досега загинле 85 деца, а речиси 100 се ранети, објави Укринформ, повикувајќи се на податоци на Канцеларијата на јавниот обвинител.
„Како резултат на вооружената агресија на Руската Федерација, до утрото на 13 март во Украина се убиени 85 деца, а речиси 100 се ранети. Најмногу жртви има во регионите Киев, Харков, Доњецк, Суми, Керсон, Миколаев и Житомир“, се вели во соопштението.
Забележано е дека на 11 март, цивилен автомобил бил застрелан од страна на окупаторите, при обид за евакуација.
Како резултат на гранатирањето, загина дете, Дмитриј, член на фудбалскиот клуб „Атлет“. Исто така во вечерните часови на 11 март кај селото Хусаривка, област Изум, во регионот Харков, окупаторите пукале во автомобил на контролен пункт, при што убиле жена и дете.
На 12 март, семејство со тригодишно дете загина во приватен автомобил на автопатот во селото Хусаривка, област Балаклејски, регионот Харков.
Во бомбардирањето и гранатирањето, според догегашните сознанија, биле оштетени 369 образовни институции, од кои 57 биле целосно уништени. Најголем број уништени објекти има во регионот на Доњецк – 119 образовни институции.
Во просек, дневно се уништуваат или ошетуваат околу 22 образовни институции.
Обработка: И. З.