Хактивистичката група „Анонимуси“ на Твитер објавија порака наменета за руските граѓани, во која ги повикуваат да му се спротистават на режимот на претседателот Владимир Путин.
„Путин го жртвуваше руското население. Во овој момент, најмирниот начин на кој би можел да се стави крај на овој конфликт би било народот на Русија да се крене против Путин и да го отстрани од власт“, се вели во видеото, а преводот го објави Слободен печат.
#Anonymous message to Russian citizens pic.twitter.com/K448qkA8f3
— Anonymous (@LatestAnonPress) March 13, 2022
„Режимот на Владимир Путин врши воени злосторства со својата неодамнешна инвазија на Украина. предизвикувајќи голема бегалска криза и безброј случаи на смртни случаи. Вие сте заробени зад железната завеса на пропаганда, а вашата влада се обидува да ве спречи да бидете дел од меѓународен разговор, поради страв од она што би можеле да го дознаете“, се вели во видеото.