ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Кристално јасна европска перспектива за Северна Македонија ќе значи регионална стабилност и забрзан развој

March 14, 2022 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го пречека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја, информират владините служби.

Премиерот Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел имаа билатерална средба на која присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

За разговорите на средбата претседателот на Владата Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел, информираа на заедничката прес-конференција.

Обраќањето на премиерот Ковачевски Ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската Комисија, Жосеп Борел

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Би сакал најпрво да ја изразам мојата благодарност до господинот Борел за неговата лична заложба и поддршка за Република Северна Македонија да добие датум за преговори без понатамошни одлагања.

Во време на голема нестабилност која е резултат на воената агресија на Русија врз Украина, како никогаш досега се јавува потребата Европа да биде обединета, силна и целосно подготвена да ги одбрани демократските вредности на чии темели е изградена.

Северна Македонија, како членка на НАТО и земја-кандидат уште од првите денови на конфликтот ја постави својата позиција во линија на своите сојузници од ЕУ, САД и НАТО. Силно ја осудивме воената агресија на Русија врз Украина и ги активиравме санкциите кон Руската Федерација.
До пред две недели сметавме дека војните на европското тло се долго зад нас и дека нема да се повторат. Но денес сме сведоци на воена агресија во која веќе премногу недолжни луѓе, меѓу кои и деца ги изгубија своите животи. Над 2.5 милиони Украинци се веќе бегалци и ги напуштиле своите домови, а ситуацијата е сé поалармантна, од ден во ден.

Во овој контекст, Европската унија и сите земји членки треба да делуваат стратешки и храбро и да повикаат на интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Единствено Европа која е целосно обединета може да е силна Европа.

Сегашната состојба на статус-кво e состојба која никому не оди во прилог.

Сите ние мораме да најдеме начин како да ги надминеме предизвиците кои стојат пред нас. Јас и мојот колега премиер од Бугарија воспоставивме нов принцип на соработка. Градиме мостови на пријателство, отвораме нови можности за соработка и ги поврзуваме двете земји. Ова е вистинскиот пат по кој ќе дојдеме и до решение на спорот.

Од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално да се вклучат, бидејќи проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили.

Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Од друга страна пак, блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија со ЕУ се чувствува низ целиот регион.

Драгоценото време треба да го користиме поефикасно. Војната која се случува, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот за што сите мораме да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Брзата интеграција на Северна Македонија и регионот ќе обезбеди стабилност, но и развој на Европа. Потребни ни се предвидливи, веродостојни, засилени и забрзани процеси на интеграција во ЕУ.

Оваа Влада останува посветена на реформите и реформските процеси, врзани пред сѐ со владеењето на правото, борбата против корупцијата и демократското владеење. Но, во ова кризно време, како исклучително важна ја сметам и нашата посветена работа на економските прашања и развој како и доброто и ефикасно менаџирање на буџетот. Секако, силен импулс за поскоро закрепнување од економската криза ќе е и зајакнатата финансиска поддршка од Европската Унија, со што дополнително ќе се овозможи забрзана енергетската и дигиталната трансформација.

Нашата визија за Балканот во 21 век е визија за напреден регион интегриран во Европа каде мирот, стабилноста и развојот веќе никој не ги доведува во прашање. Место каде младите сакаат да живеат, градат семејства и ја гледаат својата иднина.

Неопходно е Северна Македонија да има кристално јасна европска перспектива за што очекуваме засилен ангажман од нашите пријатели како г. Борел. Во таа насока, денес ја потврдуваме нашата европска визија и нашето единство, сплотеност и солидарност со европските земји и нашите ЕУ и НАТО сојузници.

Ви благодарам.“

Next Post

Моравјецки побара замрзнатиот имот на руските олигарси да се префрли во новиот Фонд за обнова на Украина

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk