Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст на Република Северна Македонија организираа хуманитарен настан за собирање помош за Украина.
Министерот за надворешни работи Бујарт Османи и Генералниот секретар на Црвен Крст Саит Саити, потпишаа меморандум за соработка за поефикасна координација за собирање помош за Украина. На настанот излагање имаше и украинската амбасадорка Наталија Задорожњук, која се заблагодари на институциите, претпријатијата, фирмите, но и на сите граѓани кои одговорија на нивниот повик.
Сега Русија води војна со целиот цивилизиран, демократски свет и Украина се наоѓа на предната линија на оваа војна. Многу ни е тешко, Русија сака да ја уништи Украина, да ја уништи демокраатијата и слободата во близина на своите граници. Но, ние се бориме и ние ќе се бориме бидејќи се наоѓаме на нашата земја и целиот цивилизиран свет е со нас, изјави Задорожњук.
Како амбасадорка на Украина јас сум многу благодарна на пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина, потенцираше амбасадорката.
Со големи санкции, сега многу се влошува економската ситуација на Русија, паѓа финансискиот сектор, се случува болната изолација на Русија. Како амбасадорка на Украина јас сум многу благодарна на пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина. Ние многу го цениме тоа и посебно би сакала да се заблагодарам на организациите кои донираат финансиски средства со кои можеме да ги набавиме потребните производи и да ги пратиме во Украина, рече Задорожњук.
Амбасадорката Задорожњук нагласи дека заедно со целиот свет ќе победат и се заблагодари на секој просечен граѓанин на нашата земја.
Благодарна сум на секој просечен граѓанин на вашата прекрасна земја. Кога ќе победиме, ќе победиме, а јас сум сигурна дека со вас и со целиот свет ние ќе победиме. Тогаш јавно, лично ќе се заблагодарам на секој што ни помага. Денеска се заблагодарувам на МНР и на ЦК и на водечките комори за оваа акција за обезбедување на хуманитарна помош за Украина. Благодарам многу, заедно ќе победиме, додаде таа.
М. Ацковска