Познатиот „Терминатор“, Арнолд Шварценегер преку видео порака на Твитер се огласи за скорешните случувања помеѓу Русија и Украина.
– Ја испраќам поракава преку различни канали за да стигне до моите драги Руски пријатели и Руските војници кои се на служба во Украина. Ви се обраќам бидејќи некои работи се скриени oд вас, ужасни работи кои треба да ги знаете, вели Шварценегер.
I love the Russian people. That is why I have to tell you the truth. Please watch and share. pic.twitter.com/6gyVRhgpFV
— Arnold (@Schwarzenegger) March 17, 2022
Обраќањето го започна со ретроспектива за приказна во далечната 1961 година кога бил поканет на Светското првенство во кревање тегови во Виена. Кажа дека бил во публиката кога Јуриј Петровиќ Власов победил и бил фасциниран бидејќи Јуриј се ракувал со него, истакна дека тој ден никогаш нема да го заборави.
Се осврна и на тоа дека неговата кариера во Русија била голема и дека обожувал да поминува време со неговите фанови, и рускиот народ го смета како исклучително добар народ. Секој ден пие кафе од чаша која што му ја подарил Власов.
– Денацификација на Украина!? Тоа не е точно. Украина е држава со Претседател Евреин, чии што членови од семејството му биле убиени од Нацистите. Значи, Украина не ја започна оваа војна, ни Нацистите, оние што се на чело во Кремљ ја започнаа оваа војна. Ова не е војна започната од Рускиот народ, истакна Шварценегер. Додаде дека е ужаснат од сите бомбардирања во Украина.
Русија не го лаже само нејзиниот народ, туку и својата армија. На некои од војниците им беше соопштено дека одат да се борат против Нацисти, на некои им било кажано дека Украинскиот народ ќе ги пречека како херои, а некои само знаеле дека ќе одат на вежба. Војниците не знаеле дека ќе одат во војна, вели тој.
Додаде дека сите руски војници кои што го следат неговиот говор, знаат дека тој ја зборува вистината. Секој испукан куршум, е испукан кон брат и сестра во Украина, додава Шварценегер.
Шварценегер посакува сите да ја разберат пропагандата и дезинформациите кои им се кажуваат.
подготви: М. М.