ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис: Грција ќе го обнови породилиштето што беше бомбардирано во Мариупол

March 18, 2022 16:07
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС

Грчката Влада ќе ја преземе обновата на породилиштето во Мариупол што беше бомбардирано пред неколку дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава по квадрилатералната средба со премиерите на Италија, Шпанија и Португалија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис на Твитер напиша дека Грција е подготвена да ја обнови болницата што е во градот- центар на грчкото малцинство во Украина и „симбол на варварството на војната“.

Во изјавата по средбата, на која грчкиот премиер учествуваше видеоконференциски поради тоа што од понеделникот е во изолција со Ковид-19, Мицотакис се осврана на последиците од војната и уште еднаш го повтори ставот дека потребно е европско решение, велејќи дека сите земји имаат своја национална програма за справување со последиците, но „решенијата не може да бидат само национални“.

-Националните иницијатви не се доволни. Затоа предлагаме во првата фаза да има усогласени европски политички интервенци против шпекулативните трендови, за да се врати рамнотежата на цените на гасот и струјата. Сите веруваме во слободните пазари, но мора да се следат правилата на понудата и побарувачката.  А кога ова, јасно не се случува, кога пазарите стануваат алатки на шпекулантите, тогаш доаѓа време за некаква централна регулација, некаква централна интервенција.  Ова е одговорност на политичкото раководство и една таква заедничка европска интервенција предлагаат Италија, Шпанија, Португалија и Грција, рече Мицотакис.

Истакна дека случувањата во Украина „ја демонстрираат, од една страна, потребата од силна Европска Унија наспроти ревизионизмот на трети страни, но и потребата од соработка на Европската унија со НАТО“.

Next Post

(ВИДЕО) Зеленски: Ако Русија не биде запрена и казнета сега, другите агресори во светот ќе започнат војни

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk