ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски за Телма : Интервентниот фонд ќе се проширува со нови мерки, подготвен е план со мерки за зголемено производство на пченица

March 18, 2022 21:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се прави план за проширување на Програмата за интервентен фонд со нови мерки, со цел да се опфатат и другите земјоделски сектори на кој им е потребна помош во оваа светска криза, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во вечерашната емисија Топ Тема на Телма.

„Сите барања на земјоделците ќе бидат земени предвид. Се планира проширување на интервентниот фонд со дополнителни мерки за говедарство, живинарство и за други земјоделски гранки кадешто е потребна помош. Субвенциите за трите мерки за набавка на вештачки ѓубрива, за предадени јагниња и гоеници во кланични капацитети ќе бидат исплатени до 30-ти јуни годинава.  Ги следиме состојбите и навремено ги преземаме сите потребни мерки за земјоделците да имаат помали трошоци, одржливо производство, да има стабилност на пазарот на храна“, рече министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски посочи дека веќе е подготвен план со мерки на среден и на долг рок за зголемување на домашното производство на пченица.

„Доколку го зголемиме производството за 500 килограми по хектар, тоа се 30 илјади тони годишно и целта ни е на долг рок да станеме увозно независни. Имаме пораст на домашното производство од 195.000 тони  во 2017 година на 253.000 тони минатата година, со што значително се намалува увозот на пченица. И оваа оваа година во планот за есенската сеидба немаме намалување на заесенаите површини со пченица. Проценките на коморите се дека е потребен увоз на околу 50 илјади тони пченица до жетвата за два месеца и тие ќе бидат обезбедени. Очекуваме производството да биде околу 255 илјади тони, а потребите се околу 300 илјади, со што повторно се намалува делот што го увезуваме“ рече Николовски.

Министерот Николовски изјави дека секоја педа земјоделско земјиште ќе биде ставено во функција на зголемување на домашното производство на житарици. Дополнително, со цел да се излезе во пресрет на земјоделците,  следната недела Платежната агенција ќе ги исплати субвенциите за поледелски култури.

Во однос на пласманот на земјоделските производи, министерот Николовски посочи дека се мобилизирани сите сектори во министерството но и дипломатско конзуларните претставништва, со кои денеска имаше состанок и беше разговарано за изнаоѓање на алтернативни пазари за производите што се извезуваат во Украина и Русија, но и за набавка на  вештачки ѓубрива.

Next Post
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Фронтлајн

ВМРО-ДПМНЕ паријата симбол за расипништво двојно го зголеми јавниот долг, денес парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk