ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Толку од блицкригот на Лудакот

Ако за 10 години во Авганистан, Русите изгубија 15.000 војници, што може да значи тоа за руската армија кога за само 20 дена изгуби најмалку половина од таа бројка? Најблаго речено, тоа е ужасен воен дебакл. Можеби Русија изгледа моќно како голема бела мечка или разјарен тигар, но изгледот очигледно лаже. Руската воена сила е само едно големо и застрашувачко оригами, без вистинска воена моќ.

March 18, 2022 12:00
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Руските војници ги кријат тенковите и другите воени возила во шумите и ги напуштаат, а Украинците ги преземаат неоштетени, со преостанатото гориво и муниција. Така известуваат западните разузнавачи кои ги имаат очите на небото, сателитите. Воените експерти се мачат да најдат вакви примери во војните низ времето.

Нема примери за толку низок морал на војската на агресорот низ историјата на војувањето. Познато е дека агресорот секогаш е во предност, бидејќи претходно добро се подготвува за освојување на туѓите домови. Уште ако се погледне фактот дека тоа се случува во првите денови од агресијата, дебаклот на руската армија е со историски размери.

Ужасен и понижувачки воен дебакл на Русија

Њујорк Тајмс објави „конзервативна“ проценка на американското разузнавање дека во првите 20 дена од руската агресија загинале повеќе од 7.000 руски војници, вклучувајќи и тројца руски генерали. Причините за губитокот на барем еден од тројцата генерали е посебна приказна која говори за катастрофална заостанатост во комуникациската технологија, но и за недостатокот од грижа на рускиот лидер за неговите војници, па и за генералите на фронтот.

За споредба, американската војска изгубила нешто помалку војници во современите војни во изминатите 20 години (Ирак и Авганистан). Ако е за „утеха“ на Русите и нивните поддржувачи, еден од најтешките воени губитоци на американската армија е во битката за Иво Џима во Втората светска војна кога, за 36 дена борби со јапонската војска, изгубила речиси 7.000 маринци.

Украинските цифри за загубите на рускиот агресор може да се напумпани, но ништо не ја исклучува можноста тие и да се точни, особено ако се има предвид дека проценката на западните разузнавачи е „конзервативна“ (најниски можни цифри, веројатно пониски од реалната состојба). Украинскиот министер Резников изјави дека во првите осум дена по инвазијата, убиени биле повеќе од 10.000 руски војници.

Во 1979 година, руските тенкови влегоа во Авганистан. Десет години подоцна, Русија, тогаш Советски Сојуз, изброја повеќе од 15.000 свои мртви војници и преку два милиони мртви авганистански цивили. Две години по крајот на воената авантура во Авганистан, се распадна и самиот Советски Сојуз. Аналитичарите со право го поставуваат прашањето: Ако за 10 години во Авганистан, Русите изгубија 15.000 војници, што може да значи тоа за руската армија кога за само 20 дена изгуби најмалку половина од таа бројка? Најблаго речено, ова е ужасен и понижувачки воен дебакл за Русија.

Кијив стои!

Која и да е точната бројка, сосема е извесно – Русија трпи неверојатни губитоци, дури и за своите стандарди. Активниот воен состав на Руската Федерација брои 1.014.000 војници и најмалку 2.000.000 резервисти, што ја прави петта најбројна армија во светот, по Кина, Индија, САД и Северна Кореја.

Русија има и огромен број припадници на паравоени формации, дури 554.000 (на седмо место во светот, по Северна Кореја, Виетнам, Јужна Кореја, Индија, Куба и Кина). На Украина се нафрлија 200.000 тешко вооружени руски војници, а само за 20 дена загинаа најмалку 7.000 од нив. А Кијив стои! Толку од блицкригот на Лудакот.

Украина – гробница за руската воена сила, Русија е оригами супер сила

За само 20 дена од рускиот „блицкриг“, Украина стана гигантска гробница за руската воена сила, за војниците и за огромниот број тенкови, оклопни и други воени возила, најголеми губитоци на воена техника и оружје од Втората светска војна наваму. Тоа го избезуми Путин, па затоа и ги стави шефот на оддлелот за разузнавање при ФСБ, поранешно КГБ (сајтот им е хакнат во моментов, затоа линкот е од Енциклопедија Британика), Сергеј Беседа и неговиот заменик во домашен притвор.

Дваесетина претреси биле извршени во становите на врвни руски шпиони во изминатите три недели, затоа што не се оствариле нивните прогнози за војната на Путин, јавуваат руски извори од Москва и од емиграцијата.

Можеби Русија изгледа моќно како голема бела мечка или разјарен тигар, но изгледот очигледно лаже. Руската воена сила е само едно големо и застрашувачко оригами, без вистинска моќ.

Путин веќе ја изгуби војната

Трагичната димензија на оваа војна е во тоа што Русите решија да се одмаздат на тој начин што ќе ја префрлат својата огнена моќ на цивилни цели. Со ѕверски напади со најтешко оружје тие се нафрлија на болници, породилишта, градинки, училишта… Бомбардирањето на театарот во Мариупол во кој се криеја околу 1.000 цивили е илустрација за чистото зло што го истурија Русите врз своите мирољубиви соседи меѓу кои, според Њујорк Тајмс, имаат повеќе од 11 милиони поблиски или подалечни роднини (една четвртина од населението на Украина).

Тоа е стратегијата на Путин? Да ги натера Русите да убиваат сопствени роднини? Оваа „стратегија“, достојна само за краен презир, ќе остане запишана во историјата и запаметена до крајот на времето. Впрочем, што и да се случи со и во Украина, воениот злосторник Путин и неговата злосторничка машинерија за убивање цивили, веќе ја изгубија војната. Тоа се случи во мигот кога решија да убиваат цивили за да ја надополнат неспособноста да постигнат воена надмоќ во Украина.

Невидениот хероизам на Украинките и Украинците

Историски гледано, ретко виден е хероизмот на Украинките и Украинците кои го бранат прагот на својот дом. Безбројни се примерите на луѓето, меѓу кои огромен број жени кои, едноставно, одбиваат да се приклучат на непрегледните колони од бегалци (3,169,897 до 16 март, според УНХЦР).

Украинките остануваат во импровизираните болници во подземните скривници, но и рамо до рамо со мажите се борат против агресорот, пожртвувано и херојски.

Уште едно поглавје, достојно за неизмерен восхит, што ќе биде запишано во историјата и запаметено до крајот на времето.

И тоа токму цивилите, неискусни во војна, се во првите редови, заедно со украинската војска. Навистина, незамислив и невиден хероизам!

Слава Україні!

#StandWithUkraine

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk