ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Русија е веќе кинеска „сфера на интерес“

March 21, 2022 07:30
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

За време на Виетнамската војна, очајната американска воена стратегија на крајот дојде до точката кога „стана неопходно да се уништи град, за да се спаси“! Таа прочуена фраза му припаѓа на прославениот американски новинар, пулицеровецот Питер Арнет, кој во шеесеттите известуваше од Виетнам за Асошиејтед Прес, а потоа го слушавме и од Багдад, како единствен западен новинар како за Си-Ен-Ен од својата хотелска тераса во живо ни ја пренесуваше Војната во Заливот во 1992 година.

Знаеме како заврши виетнамската дваесетгодишна (1955-1975) воена трагедија и за американските завојувачи и нивните сојузници, а уште потрагично за Јужен Виетнам, Лаос и Камбоџа: меѓу еден и два милиони ранети и загинати цивили и борци во погодените држави од војната (се разбира, најмногу Виетнамци), многу од нив од недискиминирачките „тепих“ бомбардирања и топовски гранатирања со катастрофални разрушувања на теренот (и повеќе документирани масакрирања на цели населени места), но и 282.000 загинати на страната на Американците и нивните поддржувачи.

Прославениот англо-американски публицист и полемичар, покојниот Кристофер Хиченс, во 2001 година во својата книга „Судењето на Хенри Кисинџер“ ќе го обвини клучниот безбедносен и надворешно-политички советник на претседателите Никсон и Форд за воени злосторства. „Заборавете на Пиноче, Милошевиќ, Хусеин, Ким Џонг-ил или Гадафи: Америка не мора далеку да бара, туку да го најде (меѓу) сопствените фалени водачи оној за воени злосторства чиишто злодела се исти како оние на најгрозните диктатори во поновата историја – Хенри Кисинџер“, велеше Хиченс, обвинувајќи го за „командно“ учество во злосторства во низа воени конфликти и кризи во децениите на своите мандати.

Кисинџер (наскоро ќе наполни 100 години) го надживеа Хиченс и, се разбира, никогаш не одговараше за ништо од делокругот на своите државнички портфолија.

Пет-шест децении подоцна, руската армија, испратена во веројатно најлошо планираната модерна воена инвазија на една соседна земја, Украина, откако претрпе (а и нанесе) силни човечки и материјални загуби, влегува во катастрофалното „виетнамско“ сценарио: ќе мора до темел да ги разурне украинските градови, за да може да ги „спаси“. Извештаите од боиштата велат дека Мариопол е речиси „ослободен“. До мерка што веќе го нема.

Оваа судбина ги чека и многу други украински градови, бидејќи рускиот претседател Путин е и бесен и уплашен од варварскиот хаос што самиот го предизвика. Не е сигурно што планирале неговите генерали за тоа како да се одвива „специјалната воена операција“ – им го отепаа и шестиот руски генерал на фронтот, за само три-четири недели војување, што е, споредбено во просек, повеќе од загубите на руски генерали во Втората светска војна – но, брзината со која Путин ги апси и ги менува воено-разузнувучките раководители во Москва не може да биде добар знак за она што на освојувачите им се случува на теренот. Супериорната руска армија, заглавена „до гуша“ во украинските житници и шокирана од решителноста на домољубниот отпор на Украинците – некои пообјективни проценки велат дека една петина од руските трупи и воената техника се исфрлени од строј – веќе делува како „казнена експедиција“ и почна да ги активира и оружјата „резервирани“ за Третата светска војна: разорните суперсонични ракети против сѐ што им стои на патот до посакуваната победа. И „тактичката употреба“ на нуклеарно оружје – за разлика од „стратегиската“, ова е фрлање помала нуклеарна бомба на ограничено боено поле – Путин не ја исклучува. Се мрдна човекот повеќе и од Американците во Виетнам.

Воените експерти се согласуваат дека ова сурово руско „срамнување со земја“ на градови и села во Украина не било во првичниот план. Па, и не би смеело да биде. Особено што и нема да го даде посакуваниот окупаторски резултат, освен да му го спаси „образот“ на Путин. Тој сега не е во состојба ни да преговара со Зеленски, иако глуми дека сака и „купува време“ додека не постигне нешто повеќе од ова до каде е застанат во војната. Во четвртата недела од војувањето Путин не само што не може самиот да ги диктира условите во преговорите, туку – во најдобар случај! – ќе мора да бира што сака за Русија евентуално да добие во Украина, а што сигурно да загуби во светот. На пример, Лавров ја жали „немоќта“ на Европската Унија под „доминацијата“ на САД и најави дека Русија расчистила со Западот и сосема се врти кон Исток (и внатре, кон себе, што и да значи тоа) – но, Украина не е источно, туку западно од Москва, што бараат руските тенкови околу Киев, ако погледот е свртен кон Пекинг?!

Украинската војна влегува во вториот месец и се заканува да биде посмртоносна и поразорна од ова што и до сега го видовме. Зеленски е смртно загрижен, Путин е видно вознемирен… Кога и како и да заврши војната, Русија за навек ја загуби Украина од својата „сфера на интерес“, а самите се сведоа во кинеската „сфера на интерес“. Е, по тоа ќе остане Путин запаметен во глобалната историја, а не е исклучено Кисинџер и него да го надживее.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk