Руски ракетен напад го претвори трговскиот центар Ретровил во Кијив во руина што тлее, при што загинаа најмалку осум лица во една од најмоќните експлозии досега видени во главниот град, пренесува Кијив индипендент.
Државната служба за вонредни состојби набргу по експлозијата соопшти дека 63 пожарникари работеле на гаснење на пламените јазици кои стигнале на третиот и четвртиот кат од трговскиот центар.
Во раните утрински часови на 21 март, пожарникарите сè уште се бореа со пламенот додека војниците и работниците за итна помош бараа низ урнатините преживеани или жртви. Спасувачите до 8 часот извлекле шест тела.