Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски повторно се обиде и не успеа да го спречи неговиот колега од СДСМ, Дарко Каевски да ги презентира криминалите и незаконските дејствувања на опозициската партија.
Каевски во дворот на Белата палата презентираше дека ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од сиромашна партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција.
Додека тој држеше прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски повторно покажа политичка некултура и домашно невоспитување и се обидуваше да го прекине и да зборува паралелно со него.
Сепак, дури и ваквото насилничко однесување на Стоилковски веќе не може да ја спречи вистината да излезе на виделина и граѓаните да дознаат за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.
Д. Е.