Како резултат на вооружената агресија на Руската Федерација во Украина, веќе загинаа 117 деца, а повеќе од 155 се повредени, пренесува Укринформ, од извори од Канцеларијата на јавниот обвинител кој информирал на Телеграм.
„До утрото на 22 март 2022 година загинаа 117 деца, а повеќе од 155 се повредени. Најмногу загинати и ранети деца има во Киевската област, Харкивската област, Херсон, Суми, Миколаев , Житомир, Доњецката и други области“, се пишува во соопштението на Јавниот обвинител.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител нотирано е дека руски тенк соборил автомобил со семејство со две деца во регионот Харков/Харкив/.. Семејството извикувало дека се цивили, веејќи бело знаме, но залудно. Загинаа родителите и 9-годишно девојче, а повредено е 17-годишно момче. Во сеото Костјантинивка од месноста Миколаев, најдени се изгорените тела на 3 лица, меѓу кои и 7-годишното дете.