ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сѐ уште не е постигнат колективен имунитет, вакцинацијата останува најдобра заштита

March 23, 2022 08:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Податоците од анализата од ковид-тестирањето, односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покражуваат дека не е постигнат колективен имунитет. Присуството на антитела кај невакцинираните испитаници се движи од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство е 85-86 проценти.

-Голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19 или прележале или дошле во контакт со вирусот, но тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави вчера за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Рендевски појасни дека сепак најрелевантен параметар се секојдневните анализи на бројот на
новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

-Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки, додаде Рендевски.

Во вчерашниот извештај од Институтот за јавно здравје регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, од кои 49 се реинфекции. Починато е едно лице, а дополнително се пријавени две лица, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, а оздравени се 284 лица.

Податоците на Институтот за јавно здравје за минатата недела, покажуваат дека  е забележан раст од 0,9 отсто на новозаболени. Процентот на позитивност се движи од 6,6 до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто.

Намалување од 55,9 проценти има кај бројот на смртни случаи, а за речиси 40 отсто е помала бројката на хоспитализирани. На болничко лекување во моментов се 109 лица, од кои 49 се на кислородна поддршка, а тројца на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Заменик-министерот за здравство повторно апелираше дека вакцинацијата против Ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба и потсети за караванот за вакцинација против Ковид-19, што започна во Шуто Оризари, а денеска продолжи на плоштадот во Кратово.

Караванот има за цел да поттикне вакцинација во оние места каде е ниско нивото на вакцинираност и да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација против вирусот.

Заклучно со 19 март, вакцинирани се вкупно 872.183 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 852.319 лица, а со трета доза 149.793 лица

Досега во земјава се направени вкупно 1.941.593 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени
пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а на активни случаи изнесува 1.913./ МИА/.

Next Post

(ВИДЕО) Воени закани на Руска ТВ: Нема да запреме со Украина, нуклеарен напад на Европа, инвазија на Полска и Литванија, коридор до Калининград

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk