ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: Руската пропаганда може да собере колку сака ботови, ние сме држава во која владее демократија

March 23, 2022 09:52
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дефинитивно постои информациска војна, која не е ново, постоеше и порано. Но, она што се разликува е тоа што Западот излезе од таа вкочанетост кон руската пропаганда. Мислам дека Западот сега ја добива таа војна не само со руската пропаганда,  туку и со војната против демократијата, вели Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи во Утрински брифинг.

Анализите покажуваат дека Русија и на тој информативно-пропаганден фронт не се подготвила сосема добро. Воените аналитичари, пак, велат дека Русија сѐ уште нема преземено хакерски напади оти се свесни дека тоа може да предизвика контраудар и да ги урне нивните платформи.

-Се согласувам дека тоа е причината. Хакерството не го измислиле Русите. За првпат западниот блок демонстрира јасна повторувачка порака, се сосредочи и демонстрирше прецизна информација. Демократијата секако е посилна од антидемократијата но досега беше дисперзирана. Руската инвазија ја обедини демократијата. Сега сите велат поддршка за суверенитетот, осуда на војната и апел за мир. Од друга страна пропагандата од Русија е сосема конфузна. Има обвинувања дека Украина има хемиско оружје, а да имаше ќе го употребеше, вели Забрчанец.

Забрчанец вели дека е Македонија е дел од западниот комуникациски систем и се координира со западните комуникациски пораки. Тој додава дека се следат на интернет различни платформи кои шират руска пропаганда и велат дека Русија ѝ се заканува на Македонија со некои смешни наслови.

-Се поставуваат слики од лидерот на Левица со Путин со наслов „Конечно некој нормален“. Ако тоа е нормално, тогаш мнозинството излегува дека е ненормално, вели Забрчанец.

Забрчанец вели дека не се сомнева дека на среден рок ќе се изгуби битката против пропагандата, оти позициите се јасни. Македонски Телеком дури пред два дена ја тргна руската пропагандна телевизија РТ (Раша тудеј), каде сопственик е и владата.

-Резултатот е дека Северна Македонија успеа да ја исклучи РТ. Не мислам дека ваквите примери ќе доживеат замор. Мислам дека руската пропаганда ќе се замори. Македонците доминантно се за НАТО, ЕУ и демократија. Македонскиот народ има чувства кон Русија, но е против војна, вели Забрчанец.

Во врска со страниците на интернет кои вршат проруска пропаганда и кои сигурно тоа не го прават бесплатно, Забрчанец вели дека Владата има јасна стратегија за сузбивање на дезинформациите и за воведување медиумска писменост. Во делот на кривичното право, правилата се јасни – ако имате закана, тогаш настапува Обвинителството, вели Забрчанец.

-Пропагандата за создавање паника дека ќе нема бензин или храна исто така не успеа. Траеше паниката ден или два и толку. Има обиди за напади на комуникациските системи во земјава, тоа во виртуелниот свет е секојдневие, но одбраната функционира, вели Забрчанец.

Ние не го гледаме НАТО како нешто туѓо, ние сме дел од него. Сме се подготвувале за тој систем и во делот на комуникацијата сме пофалени, вели Забрчанец.

-Ако сакаме да ја претставиме на мапа би изгледала слично како и воената стратегија, дефинитивно постои информациска и комуникациска војна. Таа не е нова, таа постоеше и претходно, денес се отсликува на терен со воени дејствија. Она што денес е поразлично можеби од претходно е што западот или НАТО или демократскиот блок конечно излезе од онаа вкочанетост или уплашеност од руската пропаганда и според мене од сите наоди од се она што го гледаме и како доминантен наратив и како веќе востановена перцепција мислам дека западот ја добива информациската или комуникациската војна со недемократската пропаганда.

Според Забрчанец, не станува збор само за руска пропаганда или руски дезинформации или руски лажни вести бидејќи тоа не се само руски дезинформации или руски хибридни напади, станува збор за обид за нарушување или напад на демократијата глобално, во светот.

Сме биле сведоци и кај нас дека не не одминуваат тие хибридни напади и денес а и претходно, вели тој.

Next Post

Петровиќ по триумфот над Широки: Сé што беше договорено се испочитува

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk