– За Путин не постојат човечки битија и единки. Тие се шрафови. Шрафови на една машинерија чија функција е без прашање да спроведува. Тие немаат ниту достоинство ниту смрт, вели во разговорот за Фронтлајн, политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ.
Јовановиќ зборува за потребата на Путин постојано да војува, за воениот потенцијал на руската армија и за опсесијата на Путин постојано да ги праќа луѓето во војна.
Говорејќи за владеењето на правото, правната држава и човековите права во Русија, тој истакнува дека таму не постои владеење на право или правна држава. Тие што се прогласени за виновни не се осудени после еден законски правосилен процес, вели Јовановиќ, туку во складот со тоа кои идеолошки ветрови дуваат од Кремљ.
„Путин не разбира што значи дијалог. Тој е воспитан полициски: размислува во категории, секогаш води монолог во војнички стил. Кога ќе станете главен, луѓето го држат јазикот позади забите, а подредените имаат обврска да се преправаат дека го поддржуваат“, истакна Јовановиќ.
Во врска со граѓанските иницијативи во Русија, тој нагласува дека не постојат граѓански иницијативи во Русија кои не се тесно поврзани со Кремљ.
„Постојат џебни иницијативи кои со светлосна брзина се регистрираат во Министерството за Правда во корист на Путин. Постоеја неколку иницијативи: „Маршираме заедно”, „Пееме заедно” или „За стабилност”, модерни пионерски верзии од времето на Советскиот Сојуз, квазиполитички движења кои беа организирани да ја преиспитуваат мрачната приватизација, за конечно да го уапсат Ходорковски на пример само затоа што спонзорирал опозициони движења“, вели Јовановиќ.
Според информациите кои ги споделува Јовановиќ, за Путин до 40 милиони евра не си закана за Русија. Никој нема право да влегува во политика без одобрение на Путин. Тој се плаши тие пари да не влезат во политика, а тој да не знае, вели Јовановиќ.
Путин, нагласува Јовановиќ, ја мобилизира ЕУ и НАТО, ги обедини сите држави. Никој повеќе не го доведува во прашање единството на Европската унија, потенцира Ненад Јовановиќ во разговорот за Фронтлајн.
Разговорот го водеше: Мартина Ацковска
Видео монтажа: Ариан Мехмети