Првите реакции на италијанските навивачи на Твитер профилот Italian Football, после сензационалната победа на македонската фудбалска репрезентација во баражот за пласман на светското првенство се шокирачки.
Unbelievable pic.twitter.com/UcbP4axj5T
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 24, 2022
Мислам дека Манчини утре треба да си поднесе оставка!
Ова е неверојатно!
Ви реков дека не треба да се потценуваат вакви репрезентации!
Ова е тотален пораз на италијанскиот фудбал!
‘You don’t underestimate anyone.’
Still in disbelief. pic.twitter.com/20pZsMnWWV
— Italian Football TV (@IFTVofficial) March 24, 2022
Вечерва во Палермо, македонската фудбалска репрезентација приреди сензација, совладувајќи ја Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март.
Најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал на стадионот „Ренцо Барбера“ ја донесе поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута.
Ј. Ѓ.