Според последните анкети, 92% од Украинците веруваат дека ќе победиме. Но, постои една околност што не е на страната на Украина: ужасни човечки загуби и постепено економско исцрпување, истакна во интервју амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук.
Оној кој има поголема предност на бојното поле ќе има поголема предност во текот на преговорите. Украинците веќе ги уништија сите можни планови на непријателот. Кремљ се обидува да измисли прифатливи опции за својата фиктивна „победа“ над Украина со цел некако да ги објасни ефектите од санкциите и да ја зачува власта на нехуманиот путински режим, рече Задорожљук.
Амбасадорката потенцира дека режимот на Кремљ не ја изгубил и веројатно не планира да ја изгуби целта, да ја принуди Украина да се предаде.
Но, режимот на Кремљ не ја изгуби и веројатно не планира да ја изгуби целта – да ја принуди Украина да се предаде. Затоа, не можејќи да победи во воените операции, тој прибегна кон воени злосторства – убивање цивили, употреба на забрането оружје, гранатирање хуманитарни конвои.
Таа вели дека според нивните проценки во земјава влегле околу 500 украински граѓани.
Сега чекаме официјални информации од Министерството за внатрешни работи за точниот број на граѓани на Украина. Според нашите проценки, во земјава влегле околу 500 граѓани на Украина, кои главно се сместени кај роднини и пријатели.
Граѓаните на Украина кои ја добиле оваа дозвола за привремен престој имаат право на вработување и социјална заштита во земјава, рече Задорожњук.
Во моментов го решаваме прашањето за медицинска нега и вклучување на украинските деца во образовниот процес. Владата на државата донесе одлука за обезбедување на привремен престој за украинските граѓани. Граѓаните можат да се обратат до полицискиот оддел, до инспекторатот за работа со странци за добивање на дозвола за привремен престој од хуманитарни причини. Граѓаните на Украина кои ја добиле оваа дозвола за привремен престој имаат право на вработување и социјална заштита во земјава.
Во интервјуто амбасадорката истакна дека најпотребно за Украина во овој момент е заострување на санкциите против Русија, обезбедување оружје за Украина, затворање на украинското небо од руски ракети и бомбардирања и обезбедување на хуманитарна помош.