ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Задорожњук: Оваа војна е почеток на крајот на Русија

March 24, 2022 14:41
in АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ
Наталија Задорожњук,
Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Наталија Задорожњук, Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Покрај деморализацијата, Русија, губејќи на бојното поле прибегна и кон заплашување – ова се и злосторствата на руската армија со пукање на населението, грабежите, бомбардирање со авијација и ракети врз објектите на критичната инфраструктура по целата територија на Украина, истакна во интервју амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук.

Месец војна со рускиот режим. Блицкригот на агресорите од Кремљ пропадна. Украина се бори херојски и посветено. Се бори за себе, за иднината на своите деца, за Европа и за демократските вредности, за правото на избор, вели Задорожњук.

Има значајна предност на Украинската Армија во копнените битки и критична потреба да се затвори небото. Во воздухот доминира авијацијата на агресорот.

На воен план ја победивме таканаречената втора армија во светот. Оваа војна за нив е почеток на крајот. Покрај деморализацијата, Русија, губејќи на бојното поле прибегна и кон заплашување – ова се и злосторствата на руската армија со пукање на населението, грабежите, бомбардирање со авијација и ракети врз објектите на критичната инфраструктура по целата територија на Украина.

Армија се, пред сè, луѓето, нивната подготвеност да одат во битка. Во ова Русите губат катастрофално. Ние имаме неспоредливо квалитативна предност на Вооружените сили на Украина и на украинскиот народ. И тоа не е само воена предност – тоа е народен отпор. Нашата армија работи со 100% поддршка од населението, рече Задорожњук.

Амбасадорката истакна дека кој било украински војник на линијата на фронтот кој излегува од автомобилот, едноставно, е нападнат од локалното население со желба да го нахрани, да му го наполни автомобилот со гориво, да помогне и да пријави информации за агресорот.

Штом се расипува каква било техника на окупаторот, локалните жители стигнуваат до неа порано од нашите воени единици. Тие веднаш целосно ја онеспособуваат. Ова е тотален отпор, чии размери светската историја сè уште не ги видела. Целиот народ се крена во војна. Непријателот претрпе големи загуби во сите правци.

Таа потенцира дека Мариупол е блокиран, дури и цивилните хуманитарни коридори што ги отвораат, ги принудуваат луѓето да се евакуираат не во Украина, туку на територијата на руската федерација.

Да, Мариупол е блокиран, вистина е. Агресорот физички го уништува овој прекрасен град. За нив нема ништо свето. Знаејќи дека луѓе се кријат во театарот, тој намерно и безмилосно фрла по него бомби. Дури и цивилните хуманитарни коридори што ги отвораат, ги принудуваат луѓето да се евакуираат не во Украина, туку на територијата на руската федерација.

Задорожњук во интервјуто истакнува дека најголемиот дефицит во Украина е оружјето.

Најголемиот дефицит сега во Украина е оружјето. Сите цивили бараат да бидат вклучени во војната, да им се даде можност да го протераат агресорот. Оние кои не можеа да добијат оружје, градат барикади и организираат помош за војската. Се води вистинска народна војна.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

281 нов позитивен случај на Ковид-19, оздравени 285 пациенти, починати 3 лица

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk