Енис Барди… Фудбалер којшто во 2017 година својот прв гол за македонската репрезентација го прослави трчајќи со македонското знаме по теренот… И којшто има патики со неговите иницијали и со македонското знаме на нив.
Аријан Адеми… Фудбалер којшто е роден во Шибеник, Хрватска и којшто имаше и три настапи за хрватската репрезентација, но којшто сепак реши да биде македонски фудбалер и во својата кариера да настапува за Македонија.
Висар Муслиу… Фудбалер којшто играше со македонски дрес и во младинска и во сениорска конкуренција… И којшто својата кариера ја започна во „Ренова“ – Гостивар, а потоа играше во Вардар и во тимови во Швајцарија, Унгарија и Германија.
Овие тројца фудбалери за мене се поголеми македонски патриоти, отколку оние коишто ноќеска гнасно се обидоа да фрлат дамка на целата еуфорија и за време на прославата на плоштадот извикувале „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ и „Кој не скока, тој е Шиптар“.
СРАМОТА!!!
Барди, Адеми и Муслиу, заедно со новиот јунак Александар Трајковски, и со Алиоски, Димитриевски, Ристовски, Велкоски, Николов, Чурлинов и сите други наши фудбалери ЗАЕДНО испишуваат нова историја за македонскиот фудбал!
— — —
Со оваа фотографија од Елиф Елмас, македонски фудбалер со турска националност, ги поздравувам сите лажни патриоти во Северна Македонија… За среќа, не се многу… Но револтот е многу голем!
Линк од видеото со навредливи скандирања и говор на омраза од плоштадот во Скопје
Фејсбук објава од Ацо Лукароски