ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Карванот за вакцинација во Скопје, се чека владина одлука за олабавување на ковид мерките

March 26, 2022 09:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат активностите од карванот за промоција на вакцинацијата против Ковид-19, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ. Карванот, кој има цел да ја промовира вакцината против вирусот како начин на сигурна имунизација на сите граѓани, особено на оние места низ земјава каде е ниско нивото на заинтересираност, денеска продолжува во Скопје пред „Ист Гејт Мол“ од 11 до 15 часот. Организираниот карван до завршувањето треба да помине уште низ осум локални заедници низ државата, пишува МИА.

Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) синоќа одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за зазарзни болести за укинување на маските за учениците во основните училишта, физичко присуство на наставата на факултетите, максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 отсто да се зголеми на 75 отсто, и за укинување на сертификатите за вакцинација во отворените простории на локалите.

На Владата ѝ предложи измена на одлуката со која учениците во основните училишта ќе можат да посетуваат настава без маски, освен ако ученикот по сопствена волја не бара да носи заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува препораката за носење маски. Кризниот штаб донесе заклучок до Владата да ја достави и препораката за физичко присуство на наставата на факултетите, со силен апел за вакцинација и на студентите и на образовниот кадар. На Владата ќе и предложи и да ја измени одлуката за максимална исполнетост на капацитетите во затворен простор од досегашните 50 отсто да се зголеми на 75 отсто со задолжително носење заштитни маски и почитување на останатите протоколи за заштита од ковид. Исто така и да го укине делот од протоколот за угостителските објекти со кои се бара сертификат за вакцинација за отворените простори на локалите, а за затворените делови да остане обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност од КОВИД-19.

Во однос на препораката за неносење на маски за учениците министерот за образование Јетон Шаќири вчера порача дека ја прифаќа оваа препорака на Комисијата за заразни болести, но посочи дека конечната одлука очекува да ја донесе Владата на наредната редовна седница во вторник.

– Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација, изјави Шаќири.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје вчера се регистрирани 322 нови случаи на КОВИД-19 од направените тестирања во претходното деноноќие, а 42 се реинфекции. Оздравени се 308, а починало едно лице.

Бројот на активни случаи во земјава, согласно вчерашните податоци, изнесува 1.972. Најголем број активни случаи има во Скопје – 1121, Битола – 156, додека останатите градови имаат двоцифрен број на позитивни случаи. Во Дојран во моментов нема лица позитивни на вирусот.

Досега во земјата се направени вкупно 1.948.834 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9 197.

-Во светски рамки, Кина вчера регистрираше речиси 5.000 случаи на Ковид-19. Властите продолжуваат да се борат со високо преносливата омикрон варијанта на вирусот, додека фрустрацијата меѓу популацијата расте, јави Гардијан.

Како што наведува медиумот, по смртта на медицинско лице во Шангај, кое било одбиено за хоспитализација откако имало напад на астма, многумина се лути што мерките во земјата, се чини, предизвикуваат повеќе смртни случаи, отколку самиот вирус. Вчера се евидентирани 4.988 нови случаи, со зголемен број лица со асимптоматски инфекции, нешто што Кина го регистрира одделно. Грижите се зголемуваат во Шангај, град од околу 25 милиони луѓе, што евидентираше 1.609 нови случаи. Над 1.500 од нив се асимптоматски – остро зголемување од 979-те од претходниот ден.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево со мала локална облачност

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk