Во Софија денес започна Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.
„Во Софија денес започна Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.
После минатонеделниот Вонреден самит на НАТО, продолжуваме со координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа“, пишува во објавата.






