ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО ) Петков: Оптимист сум, историската комисија дојде до напредок за важни историски личности

March 28, 2022 13:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на заедничката прес-конференција во Софија со премиерите на Северна Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука, рече дека Историската комисија го известила дека е постигнат напредок за важни историски личности во разговорите со Скопје за надминување на разликите.

– Комисијата за историја ме извести за некои важни историски личности и нивниот третман. Ќе ви дадам некои детали. Дојдовме до напредок по тие прашања, на многу конструктивен и реалистичен начин којшто ни отвора можност за забрзување на нашите преговори. Секако ќе ми треба прво да добијам јас и моите коалициони партнери целосен извештај од Комисијата, но штом добиеме извештај тоа ќе оди многу брзо, рече Петков.  

Тој оцени дека се интензивира дијалогот со Северна Македонија и во следните неколку седмици очекува да се забрза.

– Работиме вредно, имаме состаноци и се надевам дека во следните неколку недели ќе забрзаме. Исто така сакам да кажам и дека имаме добри вести за дел од билатералните средби меѓу различните министерства. Како што знаете, постојано потпишуваме меморандуми. Имам добри вести и за Комисијата за историја. Некои работи што беа тешки да се надминат сега изгледаат како да имаат реални можности за надминување. Мислам дека мојот одговор ви ги покаже моите намери да постигнеме резултати што е можно побрзо. Оптимистичен сум за целиот процес, оптимистичен сум дека ќе постигнеме се што зацртавме со Димитар што е можно поскоро, оцени Петков.

Бугарскиот премиер додаде дека заедно со Ковачевски поставиле неколку одредници што треба да бидат остварени, а коишто биле дискутирани на претходните средби, порачувајќи дека Северна Македонија припаѓа во семејството на ЕУ и тоа што е можно побрзо.

– Нашата Влада сака да го постигне овој резултат што е можно побрзо. Како што сите знаеме, имаме неколку одредници што треба да ги постигнеме, како и заштитата на правата на малцинствата, ова го дискутиравме и претходно. Во блиска координација сме со европските партнери коишто често служат како трета страна во овие преговори и очекуваме заедно да работиме кон преговорите и сигурен сум дека, се надевам дека наскоро ќе го постигнеме тоа. Имаме заедничка цел и секако го поддржувам фактот дека со оваа криза што ја имаме со војната во Украина Западен Балкан треба да биде што е можно постабилен, а добар дел од патот кон оваа стабилност е токму пристапувањето на Северна Македонија и на Албанија, истакна Петков.

Во однос на заедничката Историска комисија, Ковачевски од своја страна рече дека историчарите работат независно од политичкиот дијалог и од другите работни групи што работат на други прашања.

– На нашиот состанок тука во Софија, токму во оваа просторија, тие беа тука и кажаа дека ќе ја забрзаат својата работа и штом дојдат до заклучоци врз основа на нивната историска методологија тогаш можат да ја споделат со другите, рече Ковачевски.  

Посочи дека се интензивира комуникацијата со Софија, како од институционална перспектива, така и од перспектива на граѓаните.

– Имаме практични проекти од перспектива на компаниите и институциите во земјите, како и од перспективите на граѓаните. Имаме подобрена комуникација меѓу нашите образовни институции. Веќе имаме оперативна авионска линија меѓу Софија и Скопје и нашите министри работат на инфраструктурни проекти коишто ги поврзуваат двете земји. Во врска со политичките прашања министерствата за надворешни работи на двете земји работат и се на ниво на размена на идеи и документи, но се уште нема конечен документ за којшто сме договорени и штом се случи тоа тогаш можеме да го споделиме со релевантните институции во двете земји, рече Ковачевски.  

Премиерот оцени дека комуникацијата меѓу две соседни земји мора да се заснова на вредности на соработка на европски вредности, на заемно разбирање и доверба, како и почит и ова е начинот на којшто две соседни земји треба да комуницираат меѓу себе.

– Овој наратив којшто доминира и којшто е поставен меѓу двете министерства, меѓу двете влади како секогаш ќе има мали маргинализирани групи коишто нема да сакаат овој дијалог да оди во добра насока, но верувам дека сега имаме комуникација и имаме медиуми каде што доминираат вести на соработка, позитивни вести меѓу две земји коишто сега веќе можеме да видиме дека се случуваат, порача Ковачевски./МИА/. 

Next Post

Засега нема интерес за колективно сместување на украински бегалци

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk