Шефот на украинската дипломатија Дмитриј Кулеба им порача на преговарачите да не јадат и да не пијат додека преговараат со Русија.
Ги советувам сите што одат на преговори со Руската Федерација да не јадат и пијат ништо. И, ако е можно, избегнувајте допирање на која било површина. Тоа е од прва рака. Второ, сите тие приказни – некој слушнал нешто некаде, некои извори – сега ги има многу, бидејќи сите се жедни за вести, за сензација“, изјави Кулеба, пренесува Скај њуз.
Денеска во Истанбул ќе се водат преговори, први лице в лице по две недели.