Неколку читатели испратија пртинтскрин до редакцијата на Фронтлајн од комуникација на Вајбер (VIber), во која може да се прочита дека во 15:30 часот, ќе се одржи протест на КСС пред Собрание, против измените во Законот за плати. Во вајбер комуникацијата пишува „кој сака може да даде поддршка“ и дека „наредбата“ е од претседателот на МК Мичурин. Понатаму, еден од учесниците во комуникацијата прашува дали станува збор за претседателот на МК Мичурин од ВМРО-ДПМНЕ, на што другиот одговора, ДА, мислев дека треба да знаеш. Потоа следува прашањето, „ПА КОЈ ШТРАЈКУВА, КСС или ВМРО- ДПМНЕ?
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата искажувајќи незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата.
Од КСС бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку не се исполни ова нивно барање, раководството на синдикатот најави генерален штрајк.
Протестот ќе почне пред Собранието од 15:30 часот до 16:30 часот по што ќе продолжи пред Владатa.
На завчерашната дебата на ТВ 24, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, ги повика синдикалците на дијалог, да се вратат на маса, и дека улицата не е решение.
„Ве молам претставувајте ги работниците и дојдете седнете, вратете се на маса. Улицата не е решение, дојдете преговарајте и бидете солидарни“ изјави Битиќи.
Тој додаде дека решение единствено може да се постигне преку дијалог на економско-социјалниот совет.