ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home УМЕТНОСТ

Изложба „Аквизиции – донации 2017-2021“ во МСУ – Скопје

За првпат ќе бидат поставени дела од основоположниците на модерната како Личеноски, Мартиноски, Пандилов, Владимирски, Аврамовски.. кои досега не се прикажани во јавноста.

March 31, 2022 09:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 2 април (сабота), во 12 часот на пладне, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Аквизиции – донации 2017-2021“. Воедно, ќе може да се ужива и во првото пролетно матине со единствениот поглед кон градот.

Куратор на изложбата е кустос Ива Димовски и кустос соработник Бојана Јанева.

На поставката ќе бидат изложени дела, кои музејот ги има добиено по пат на откуп и донација од 2017 година до денес и ќе бидат претставени 35 автори од македонската визуелна сцена, изложени 72 уметнички дела, од кои, осум се откупени од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а 64 се донирани на музејот.

За првпат ќе бидат поставени дела од основоположниците на модерната како Личеноски, Мартиноски, Пандилов, Владимирски, Аврамовски… кои досега не се прикажани во јавноста.

Дела на македонски уметници

1 of 5
- +

„Овој принцип на претставување донирани и откупени делата пред јавноста, музејот го негува уште од 1963 година. До 2000 година, МСУ организираше две засебни поставки „Подарени дела“ и „Аквизиции“, кои за првпат се спојуваат во една изложба  „Донации – аквизиции 1987-2000“. Оваа изложба, како и претходните, продолжува со истата идеја да ги презентира квалитетот и квантитетот на делата од колекцијата, прикажување на минатото, не заради самата историја, туку и поради рефлектирање на важноста за сегашноста и иднината и за колекцијата и Музејот. Примарната функција, односно начинот на збогатување на колекцијата преку откупна политика и понатаму останува ненадминат проблем, но затоа музејот изразува огромна почит и благодарност до уметниците и донаторите, кои и понатаму несебично ја збогатуваат колекцијата на МСУ. Поттикот за донирање останува и понатаму како главен адут на проширување на збирката на музејот“, вели Димовски.

Една од позначајните донации е оставнината на почитуваната проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска, донација од 36 уметнички дела. Понатаму, уметникот Глигор Стефанов, ги подари сите негови дела од ретроспективната изложба, која беше реализирана пред неколку години во МСУ, како и несебичниот потег на авторката Кристина Пулејкова, која ја подари нејзината самостојна изложба, по повод наградата за најдобар млад уметник од Биеналето на млади уметници во 2016 година.

Изложени ќе бидат и делата од авторот Симон Узуновски (донација од Крсте Џидров), откупите од страна на Министерството за култура на Р.С.Македонија, во 2017, од авторите Кирил Гегоски, Жанета Вангели, Ибрахим Беди, Миле Корубин и други. Станува збор за уметнички творби кои содржат разни медиуми: слика, скулптура, графика, акварел, цртеж, видео и инсталација од авторите: Драгутин Аврамовски-Гуте, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Мира Апостоловска, Љубомир Белогаски, Жанета Вангели, Иван Велков, Томо Владимирски, Кирил Гегоски, Владимир Георгиевски, Божидар Дамјановски, Катја Ефтимова, Беди Ибрахим,

Богољуб Ивковиќ, Александар Јанкуловски – Цане, Ристо Калчевски, Киро Караџа, Миле Корубин, Вангел Коџоман,  Зоран Малиновски, Власе Николески, Трајче Николовски, Данчо Ордев, Благоја Попоски, Кристина Пулејкова, Исмет Рамиќевиќ, Александар Ристески, Глигор Стефанов, Ана Темкова, Симон Узуновски, Никола Фидановски, Слободан Филовски, Симон Шемов и Теофил Шулајковски.

Next Post

Русија: Прекин на огнот во Мариупол поради евакуација на цивили

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk