ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Владата продолжува со силна поддршка за лицата со аутизам и нетипичен развој

April 1, 2022 16:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во чест на Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот, 2 април, денеска во Владата на Република Северна Македонија се сретна со децата со аутизам и нетипичен развој од здружението „Во мојот свет” и со нивните родители. Со овој гест Премиерот порача дека Владата и институциите и натаму ќе бидат силен поддржувач и сојузник на овие семејства во борбата за градење на едно инклузивно општество, информираат владините служби.

Во неформална атмосфера децата и нивните родители беа повикани на куса прошетка во Владата, при што ги посетија Кабинетот на Претседателот на Владата, билатералната сала, салата за седници, медија центарот, по што имаа куса средба со премиерот Ковачевски во свечената сала.

Во оваа прилика Премиерот упати апел за солидарност со лицата со аутизам потсетувајќи дека ние како општество сме обединети во различностите и дека обврска на Владата е да продолжи да работи на унапредување на решенијата кои ќе го подобрат квалитетот на живот на лицата со аутизам и на нивните најблиски.

Тој истакна дека Владата и Министерството за здравство редовно спроведуваат активности од делот на Програмата на Владата со кои се овозможува на лицата со попреченост да ги имаат истите права со останатите граѓани во државата. Ова особено се однесува на исполнувањето на правата на лицата со попреченост пропишани со Конвенцијата на ООН.

„Владата, преку Министерството за здравство, во соработка со Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во мојот свет” овозможи користење на неискористениот простор во повеќе здравствени домови во Скопје, во Охрид и во Тетово за отворање на центри за давање на широк спектар на услуги кои можат да им помогнат на децата кои имаат развојни потешкотии. Во овие центри е овозможено давање на потребната поддршка од различни видови професионалци на околу 200 деца, со цел да им се помогне да го достигнат максималното можно развојно ниво со што им се зголемуваат шансите за успех во подоцнежните години“, подвлече Премиерот.

На средба на која присуствуваше и потпретседателката на здружението „Во мојот свет“ Весна Стојановска која изрази благодарност за посветеното спроведување на политиките на инклузија од страна на Владата и институциите. Беше заклучено дека заедничка мисија и интерес и на семејствата, граѓанскиот сектор и на Владата е да се подобри квалитетот на живот на овие луѓе и семејства преку посветена работа и  унапредување на системските решенија.

Next Post

Целодневен настан во МКЦ по повод 1000 изданија на култното радио-шоу „Розе Кадилак“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk