ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Европа без гас или Русија без сѐ друго

April 2, 2022 16:21
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Да, може да се случи вестите од Украина да почнат да одат пред спортот и временската прогноза односно информациите за стравотиите од руската инвазија да предизвикуваат помало внимание од изјавите на Мицко за продажбата на националните интереси, за новото парламентарно мнозинство или за предвремените избори час поскоро.  Од фалусот на прајм тајмот кај нас не се симнуваат само вморонските фаци со шупаци кои зборуваат.

На светско ниво, вниманието ќе се поместува од војната која, очигледно, ќе потрае, барем до Светското првенство во фудбал, хахаха, кон последиците од војната, односно кон цените, инфлацијата, загрозениот стандард, нарушеното снабдување… И кон тоа дали слободниот свет ќе биде спремен да ја плати високата цена на слободата, односно какви се шансите да се поколеба и да помисли дека ќе плати помалку, ако замижи на руската агресија во Украина.

Ова е време на грчење на топката односно на топките.

Кој подобро и подолго ќе го поднесе својот дел од несреќата што на светот му ја донесе еден болен ум.

Ова е натпревар во издржливост на несреќа.

Европа без гас или Русија без сѐ друго?

Питање је сад.

Во време на изобилие на можности, стабилности, енергенси, храна, пари, забава, стандард, Русија реши да се тестира себе си и да го тестира светот на отпорноста на една бесмислена, со ништо непредизвикана, прескапа војна, од која се тресе целата планета и човековата цивилизација не само во западната варијанта.

За две села во Доњецк кои во огромниот руски океан нема да бидат забележливи ниту како две сардини.

Русија е војнички неосвоива.

Дури и без атомскиот арсенал за одвраќање.

Агресијата врз Украина, според тоа, не е реакција на воените закани на НАТО, затоа што и во Москва знаат дека никогаш никој не се занимавал со таква опција, туку на вредносните пробиви на исток. Во западниот систем на вредности, кој се темели на слободата, правото, човековите права, слободниот пазар и демократските системи, еден автократски режим може да види закана, но не и Русија и рускиот народ. Обратно, сосема е очигледно дека државата и нацијата се загрозени од режимот кој на Русите им диктира живот во интерес на империјата односно на царистичкиот режим, а не на луѓето.

Запад е вредносно опасен за Путин.

Во тие констелации може да се објасни идејата за агресијата врз Украина, но не и да се оправда, се разбира. Освен тоа, резултатите ќе бидат сосема спротивни на очекувањата на Кремлин: консолидација на украинската нација, наместо нејзиното уништување преку исфабрикуваната платформа за денацификација, разединување на националниот корпус во Русија, а не негово хомогенизирање и мобилизирање околу глупавата идеја на претседателот, катастрофирање на војничкиот, политички и културен рејтинг на Русија, а не засилување на позициите со доминација на евроазискиот простор, политичка и правна деградација на раководството и лично на Путин преку покренатата постапка на судот во Хаг за утврдување на воени злосторства во Украина и посебно со барањата за издавање на налог за приведување на Путин (Карла дел Понте). Рускиот претседател, се разбира, нема, барем во скоро време, да биде достапен за судот ако си седи во Русија, но светот ќе стане недостапен за него и за неговите соработници во злото.

Се разбира, тука е консолидација на НАТО, на Европската унија и на евроатлантското единство на чело со САД и сеопфатните акции кои во наредните неколку години ќе ја ослободат Европа од енергетската зависност од Русија, а Русија, од единствените сигурни и обилни приходи.

Посматрано низ овие призми, руската агресија врз Украина е епохално застранување.

Милена Миња Богавец во белградски „Данас“, цитира непознат автор со еден поглед кој мене ми е многу познат:

„Во некои периоди луѓето просто полудуваат. Температурата ненадејно се променува и луѓето, почнуваат да ја убиваат цивилизацијата што до тогаш ја граделе. Сѐ зависи од многу фактори, но клучниот фактор секогаш е ирационален. Кога светот почнува да се вари, на малиот човек може да му изгледа како дека дошол периодот кога сѐ станува лудо и кога луѓето просто се свртуваат против себе.“

Се согласувам.

Дури мислам дека сите други анализи се натегнати и се однесуваат не на причините за катастрофата туку за последиците.

Одбраната на Запад не е само одбрана на Украина и војничка одбрана од руските претензии, туку и одбрана на Европа од путинистичкиот вредносен систем кој исто така има амбиции да се шири, а има и симпатии кај поединци и цели структури на Запад.

Ние во Македонија не успеавме да се одбраниме од еден таков вредносен систем кој тука го застапува вмро-дпмне. Тие успеаја без тенкови да ја заробат државата, да ја направат роб на сопствените вредносни системи во однос на кои путинизмот е академија за морал, ефикасност и демократија. Со помош на медиумските инсталации или доброволно идиотизираните новинари, ја држат заробена и денес, кога се во опозиција. Македонците, за жал, немаа муда како Украинците, да се борат за својата слобода, туку му се предадоа на предизвикот да бидат идиоти. Пред една мала група лудаци. Не пред некоја сила. Пред два автобуса лудаци, чипирани идиоти на кои сила им дадоа тие со своите глупави, разорни и смртоносни самопретстави. Да не се попишуваат, да бојкотираат, да свршуваат во лажната историја како пубертетлии во гаќи, да се викаат северџани во услови кога сиот свет ги вика Македонци, во најголемите меѓународни успеси да гледаат најголеми порази и предавства.

Просто неверојатно, но тоа е тоа што на македонската нација ѝ го даде вмро: едно големо распаѓање.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk