Траба да ја збришеме Украина од лицето на Земјата, вели руски граѓанин во анкета. Новинарката го прашува, но зошто, тој вели, па зошто му треба некому. А кого треба да збришеме потоа, прашува новинарката. Полска, одговора тој. Треба да ги собереме на куп.- Ова е мислење на еден од анкетираните Руси. Видеото го објави германскиот новинар и дописник за Wall Street Journal, Бојан Панцевски.
How ordinary Russians feel about their country invading Ukraine pic.twitter.com/v3OZwjSvam
— Bojan Pancevski (@bopanc) April 4, 2022
Но зошто да ги збришеме? Зошто да не постојат? Што ќе правиме ние со тие територии? – повторно прашува новинарската.
Мажот вели, ама какви земји се тоа? Украина не е држава. Тоа е само делче од држава којашто Ленин некогаш ја дал. Тоа е. А Балтичките земји се уште полоши.
И да, треба да се бориме против тие Хохолите ( израз кој со кој Русите ги навредуваат Украинците). Тоа воопшто не треба да се прашува. Мора да се бориме против нацистите.
Друг маж кој е анкетиран, исто така смета дека „воената операција“ треба да продолжи. Сето тоа нацистичко ѓубре да го уништиме, вели тој.
Една жена, пак, вели дека Украина ќе стане секундарна држава којашто нема да учествува во ништо и дека Русите ќе си ја земат. На прашањето на новинарката дали тоа е во ред, жената одговора дека така било порано и се ќе си се врати на место.
Една повозрасна госпоѓа пак вели дека се чека што ќе решат САД. Но и дека Русија има силни ракети што можат да ги уништат Соединетите Американски Држави.
Друга жена, пак, вели дека сè ќе биде во ред. Но дека тие, Русите ќе треба одново да ја градат Украина. Индустријата и сè останато.